Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Од:

Уапсена е жена под сомнение за убиство откако 10-годишно девојче беше пронајдено мртво во Рали Реџис во Западен Мидлендс, пишува Sky News.

Полицијата соопшти дека го пронашла детето со повреди на адреса во Робин Клоус во понеделникот околу 12.10 часот.

На местото на настанот констатирана е смрт на детето.

Детективскиот инспектор Ден Џерат рече: „Малото девојче трагично го загуби животот и нашите мисли се со нејзините најблиски и сите оние кои се погодени од овој ужасен настан“.

„Знаеме колку ова ќе биде шокантно и вознемирувачко за заедницата и ќе продолжиме да одржуваме полициско присуство овде и да ја нудиме нашата поддршка во областа во текот на следните денови. Осомничената е уапсена и детективите целосно ги истражуваат околностите околу оваа трагична смрт“, рече Џарат.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син