Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Од:

Полицијата во Словенија ја истражува смртта на Сабина Арклиниќ (33), мајка на четири деца, чие тело беше пронајдено во Словенија, откако беше пријавена за исчезната на 23 март. Полицијата се сомнева дека несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница.

Исчезнувањето на Сабина го пријавил нејзиниот сопруг Томаж, кој бил приведен од полицијата откако телото на Сабина било пронајдено минатиот петок. Ден подоцна е приведена и жена со која се верува дека Томаж имал тајна врска.

Двајцата се осомничени дека го планирале и извршиле грозоморното убиство.

Според Станко Видовиќ, началник на мариборската криминалистичка полиција, Томаж на 23 март годинава пријавил во полиција во Птуј дека неговата сопруга исчезнала.

Видовиќ рече дека Томаж рекол дека неговата сопруга тој ден излегла од куќата и оставила проштално писмо, кое го донел во полиција.

Полицијата веднаш започнала потрага по жената, но не успеала да ја најде.

Во петокот на 5 април полицијата добила повик дека на периферијата на Кидричево е пронајдено безживотно тело. Таму пронашле тело на жена со бројни убодни рани.

По спроведената истрага и обдукцијата било утврдено дека се работи за жена (33) чие исчезнување било пријавено во регионот Птуј.

– Јасно било дека жената е убиена, изјави Видовиќ.

Истата вечер кога е пронајдено телото, полицијата го привела Томаж, додека жената (33), која е осомничена дека му помагала во делото, била приведена следниот ден.

Осомничените се договориле Томаж да ја донесе Сабина во Кидричево на 22 март, што и го направил.

„Осомничената веќе чекала таму. Кога излегла од автомобилот и пришла на Сабина и ја прободела неколку пати со остар предмет. Веднаш потоа го одвлекла телото и го закопала. Заедно со осомничениот потоа го напуштила местото на злосторството. Мажот утредента дошол во полиција и го пријавил исчезнувањето на Сабина“, изјавил Видовиќ и додаде дека сопругот на убиената им предал и проштално писмо кое Сабина наводно го напишала.

Полицијата подоцна утврдила дека писмото всушност го напишал осомничениот за убиството на Сабина.

По наредба на истражен судија, полициски службеници и криминалистички истражители извршиле претрес во куќата на осомничените, при што одземени се предмети од значење за понатамошна кривична постапка. Меѓу другото, кај пријавениот пронашле и остар предмет за кој основано се сомневаат дека бил употребен при извршувањето на кривичното дело.

Би можело да ве интересира

Притвор за осомничените за убиството во Гостивар, мотив било несогласувања и конфликти

Убиство во Гостиварско, застрелан жител на Дебреше

Предраг Петровиќ

Уапсен уште еден соработник на Хајризи кој му помогнал да избега од затвор

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

Три лица загинаа во престрелка во Албанија, се трага по напаѓачите

Горан Наумовски

Три лица загинаа во престрелка во Албанија, полицијата трага по сторителите

Горан Наумовски