Лондон ќе ја поддржи Полска доколку отстапи свои борбени авиони за Украина

Од:

Британскиот министер за одбрана, Бен Волас, денеска изјави дека Британија ќе ја поддржи Полска доколку одлучи да даде борбени воени авиони за украинската одбрана, но притоа укажа и на можните директни последици од таква одлука на Варшава.

„Би ги поддржал Пољаците како и да одлучат“, изјави Волас за британските медиуми додавајќи дека Велика Британија не може да понуди борбани авиони што би биле од полза на украинските пилоти чија обука се базира на техника од советско, домашно и руско производство.

„Ние би ја заштитиле Полска, ќе им помогнеме со што им е потребно. Полска знае дека изборот не значи само помош за Украина, туку може да ја доведе во директна конфронтација со Русија или Белорусија“, изјави британскиот министер за одбрана.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица