ЕК: Кина има потенцијал да влијае врз Русија за прекин на војната

Од:

Портпаролот за надворешна политика во Европската Комисија, Петер Стано, потврди дека Европската Унија не ја исклучува Кина за притисок врз Русија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Високиот претставник за надворешна политика, Жозеп Борел, е во контакт со кинеските власти со цел да се најде решение за руско-украинскиот конфликт, изјави денеска портпаролот Стано.

Во контекст на војна помеѓу Русија и Украина, Европската Унија полага надеж во добрите односи помеѓу Москва и Пекинг за да се изврши притисок врз руската влада да стави крај на инвазијата на Украина.

-Велиме дека Кина е клучна за притисок врз Русија да ја прекине агресијата и овој напад без преседан, Кина има потенцијал да комуницира со Москва и би сакале Кина да го искористи своето влијание за да притисне за прекин на огнот, изјави Стано на денешниот брифинг за новинари во Европската Комисија.

За Европската Унија е важно што Кина не беше меѓу петте држави кои гласаа против резолуцијата во Обединетите Нации за осуда на руската агресија врз Украина. Кина гласаше воздржано, што остава простор за надеж во ЕУ.

-Тоа покажува дека Кина не е меѓу изолираните земји кои беа против резолуцијата, и тоа е причина за нас да го зголемиме нашиот ангажман, рече портпаролот.

Борел останува во контакт со кинескиот министер за надворешни работи, рече Петер Стано.

Кина од своја страна неодамна порача дека нејзините односи со Русија се многу црврсти.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници