Русија може да одбие враќање на изнајмените авиони, подготвен нов закон

Од:

Руската влада планира да им нареди на локалните авиокомпании да плаќаат за изнајмените авиони во рубли и да им забрани да ги враќаат авионите на странски компании доколку ги откажат своите закупнини, се вели во предлог-законот објавен во четвртокот.

Западните санкции наметнати како одговор на руската инвазија на Украина ги принудија руските авиопревозници да ги откажат меѓународните летови поради страв дека нивните авиони ќе бидат запленети.

Санкциите, исто така, замрзнаа голем дел од девизните резерви на Русија и ги принудија властите да бараат начини да го ограничат одливот на девизи.

Според законот подготвен од Министерството за транспорт, руските авиокомпании во текот на 2022 година ќе го плаќаат закупот во рубли.

Доколку странскиот закуподавач го раскине договорот, специјална владина комисија ќе одлучи дали авионот може да се врати или да остане во Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски