Руски штаб за хуманитарна помош: Повеќе од два милиона луѓе од Украина побарале евакуација

Од:

Повеќе од два милиона луѓе досега побарале од Русија евакуација, соопшти денеска рускиот Меѓуресорски координативен штаб за хуманитарна помош во Украина.

„Поради континуираните апели на странските амбасади, како и бројните директни барања на украинските граѓани за евакуација од речиси сите населени места, (само од 5. до 7 март, повеќе од 2 милиона (2.000.417) од овие барања се регистрирани од официјалната агенција на Руската Федерација и Рускиот меѓусекторски координативен штаб за хуманитарна помош во Украина), Русија е подготвена да спроведе хуманитарна операција“, се вели во соопштението на штабот“.

Според штабот, руските вооружени сили се подготвени да преземат хуманитарни чекори за евакуација на цивилното население од територијата на Украина, како и да создадат пристојни услови за сместување на сите бегалци во Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии