Украинскиот актер Паша Ли загина во руско бомбардирање

Од:

Талентираниот украински актер и ТВ водител Паша Ли е убиен во Ирпин додека руските сили го бомбардираа градот кој се наоѓа во близина на Киев.

33-годишниот Ли се пријавил за територијалната одбрана на Украина во првите денови од војната.

Тој, инаку жител на Ирпин, се појавил во неколку филмови, а со неговиот глас бил дел и од украинските верзии на The Lion King и The Hobbit.

Тој е еден од бројните јавни личности убиени во руската инвазија.

Истражувачкиот новинар Виктор Дудар исто така бил убиен на линијата на фронтот за време на битка со руските војници во близина на јужниот град Миколаев, пишуваат украинските извештаи.

Павло Ли, како што беше формално познат актерот, е роден на Крим во 1988 година и неодамна започна свое шоу на Дом ТВ, украински канал првично наменет за публиката во источните области заземени од сепаратистите поддржани од Русија во 2014 година.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски