Француска пратка со „разни медицински производи“ за Украина меѓу кои и јод за заштита од радиоактивни зрачења

Од:

Франција испратила за Украина „разновидни медицински производи“, вклучувајќи и јод, за заштита од случај на нуклеарна несреќа за време на борбите со руската армија, изјави синоќа шефот на француската дипломатија, Жан-Ив Ле Дријан.

„Испративме разни медицински производи“, изјавил Ле Дријан за теливизиската станица „Франс 2“, пренесува БЕТА.

Претходно францускиот амбасадор во Украина, Етијен Понсен, изјави дека за Украина ќе бидат испратени 2,5 милиони дози јод.

Понсен појасни дека францускиот претседател, Емануел Макрон, на негова иницијатива остварил телефонски разговор со рускиот претседател, Владимир Путин, како би се гарантирала „нуклеарна заштита“.

Елисејската палата соопшти дека Макрон повторно изразил „сериозна загриженост“ по однос безбедноста на нуклеарните локации после бомбардирањето на капацитетите на атомската централа во Запорожје.

Притоа се додава дека Путин изразил подготвеност за почитување на стандардите за заштитa на нуклеарните капацитети за приизводство на електрична енергија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Прославен Денот на победата во Париз, Макрон не одржа говор