Русија ќе отвори „хуманитарни коридори“, Киев инсистира на тоа дека потегот е рекламен трик и луѓето нема да можат да заминат

Од:

Русија планира да отвори хуманитарни коридори во Украина денеска за цивилите да напуштат опколени градови, но Киев инсистира на тоа дека потегот е рекламен трик и луѓето нема да можат да заминат. Понудата на Москва за евакуација на жителите беше осудена затоа што повеќето од рутите водеа во Русија или нејзиниот сојузник Белорусија, и додека имаше разорна кампања за гранатирање.

Украинската војска денеска, речиси две недели по војната, соопшти дека Русија ги зголемува своите трупи и опрема околу главните конфликтни зони.

Инвазијата ја предизвика најголемата војна во Европа и најголемата бегалска криза на континентот од Втората светска војна, додека Западот одговори со санкции кон Русија кои одекнаа низ глобалната економија.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека ќе ги отвори „хуманитарните коридори“ од вторник во 10 часот по московско време, што е предмет на одобрение од Украина, наведувајќи ги маршрутите од главниот град Киев, како и градовите Мариупол, Харков и Суми – кои сите беа под силен напад.

Украина првично не одговори на понудата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека се откажува од претходните договори за коридори и дека се обидува да ги спречи луѓето, како на пример со поставување експлозиви на патиштата.

„Имаше договор за хуманитарни коридори. Дали тоа функционираше? Таму имаше руски тенкови, руски Град (ракетни фрлачи), руски мини“, нагалси Зеленски во видеото објавено на Телеграм. Обвинувајќи ја Москва за „цинизам“, Зеленски исто така рече дека руските војници уништиле автобуси што требало да ги евакуираат цивилите од борбените зони.

Францускиот претседател Емануел Макрон исто така го осуди рускиот план.

„Сето ова е несериозно, тоа е морален и политички цинизам, кој го сметам за неподнослив“, изјави Макрон за француската телевизија LCI.

„Не познавам многу Украинци кои сакаат да одат во Русија“, додаде тој, велејќи дека е потребен целосен прекин на огнот за заштита на цивилите, а не коридори.

Во обраќањето пред Советот за безбедност, највисокиот хуманитарен функционер на ОН Мартин Грифитс, исто така, рече дека на цивилите мора да им се дозволи да заминат во насоката што ја сакаат.

Најмалку 406 цивили загинале од почетокот на рускиот напад врз нејзиниот поранешен советски сосед, според ОН, иако веруваат дека реалните бројки се „значително повисоки“.

Украинските сили денеска соопштија дека го одбиле рускиот напад врз градот Изиум во регионот на Харков, а вооружените трупи се обидуваат да го спречат рускиот притисок од исток и југ во обид да го опколат Киев.

Руските сили „претрпеа загуби и се повлекоа“ во Изиум откако „завладеаа со терор во градот со бомбардирање на цивилни простории и инфраструктура“, соопшти војската.

Бегалците кои се обидуваа да го напуштат градот користејќи ги договорените патишта останаа заглавени бидејќи патот кон кој беа насочени беше миниран, соопшти вчера МКЦК.

Пентагон синоќа соопшти дека Москва е во мисија за регрутирање странски борци – Сиријци кои се бореле за претседателот Башар ал Асад.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека нема да испраќа регрути или резервисти да се борат во конфликтот.

Според украинскиот парламент, Зеленски ги отповикал сите војници кои работат во странство за да се борат против руските сили. Тој повторно вети дека ќе остане на местото иако руски сили се во близина на главниот град.

„Останувам во Киев. Не се кријам. И не се плашам од никого“, рече тој во видеото објавено синоќа.

Светската банка одобри дополнителен пакет од 489 милиони долари за поддршка за Украина, кој веднаш ќе биде достапен. Тоа се случи откако Зеленски ги обнови повиците до Западот да го бојкотира рускиот извоз, особено нафтата, и да воведе зона на забранети летови за да се запре воените дејствија.

Земјите на НАТО досега го отфрлаа барањето на Киев за зона на забранети летови.

Наместо тоа, западните сојузници воведоа санкции без преседан против бизнисите, банките и милијардерите во обид да ја притиснат Москва да го запре нападот.

Но, лидерите на Германија, Велика Британија и Холандија предупредија против забраната на руската нафта, велејќи дека тоа може да ја доведе во опасност енергетската безбедност на Европа.

Портпаролката на американскиот претседател Џо Бајден рече дека не е донесена никаква одлука, додека рускиот вицепремиер Александар Новак предупреди дека секоја забрана за нафта ќе има „катастрофални последици“ врз цените кои веќе се на рекордно високо ниво во 2008 година.

И покрај строгите казни за оние кои изразуваат несогласување, протестите во Русија против инвазијата во Украина продолжија, со повеќе од 10.000 приведени.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски