Руски војници влегоа во Скадовск, го повикаа градоначалникот да не одржува митинзи

Од:

Руски војници влегоа во Скадовск во областа Херсон, ги отстранија компјутерските системи од градскиот совет и го повикаа градоначалникот да не одржува проукраински собири.

Ова за Укринформ го изјави градоначалникот на Скадовск, Александар Јаковлиев, пренесе ДПА.

– Пред тоа, тие (руските трупи) не беа во градот. Тие дојдоа утрово. Војската веќе го напушти градот, поставувајќи ги своите барања, рече Јаковлиев.

Тој рече дека вработените во градскиот совет биле изнесени во дворот, ги провериле документите, а потоа шетале по канцелариите на управната зграда и ги одзеле компјутерите.

Во видео обраќање до жителите, градоначалникот нагласи дека руската војска го поставила единствениот услов – да не се одржуваат проукраински митинзи.

– Јасно е дека оваа состојба е тешка. Сите ние веруваме дека Скадовск е Украина. Но, сега сме опкружени со војници со оружје, а тие денес ни диктираат такви услови. Разбирам дека сите се бесни, но сакам сите да сфатите што е во прашање. Сега е мирно, колку што е можно, во нашиот град. Ги повикувам сите да останат смирени, додаде Јаковлиев.

Тој рече дека работата на градскиот совет во моментов е парализирана поради тоа што нема интернет, кој треба да се обнови во блиска иднина. Напаѓачите влегле и во други административни згради, вклучително и полициските и воените канцеларии. Од таму, како што рече градоначалникот, не е одземена опрема.

Луѓето во регионот на Херсон одржуваа масовни собири против руските напаѓачи. Проукраински собири секојдневно се одржуваат во привремено окупирани градови. Според Генералштабот на вооружените сили на Украина, денеска, 9 март, во Херсон, руската Национална гарда привела 400 Украинци.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски