Мекдоналдс привремено затвора 850 ресторани во Русија

Од:

Американскиот синџир ресторани за брза храна Мекдоналдс денеска соопшти дека привремено затвора 850 ресторани во Русија поради руската воена операција во Украина.

Компанијата наведе дека ќе продолжи да ги плаќа 62.000 вработени во Русија.

Извршниот директор на Мекдоналдс, Крис Кемпчински во писмото до вработените наведе дека затворањето на рестораните сега е исправен чекор што треба да се направи.

Тој додаде дека сега е невозможно да се знае кога Мекдоналдс ќе продолжи со работа во Русија.

Мекдоналдс исто така привремено затвори 100 ресторани во Украина, но ќе продолжи да ги плажа вработените.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски