Телефонски разговор Кулеба – Блинкен

Од:

Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба на Твитер објави дека имал телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

– Во разговорот со секретарот Блинкен ја координиравме понатамошната помош за Украина, напиша Кулеба на Твитер.

Тој им се заблагодари на САД што „цврсто застанаа на страната на украинскиот народ“.

Претседателот на САД, Џо Бајден вчера одобри помош во оружје и други одбранбени средства за Украина во вредност од 200 милиони долари

Средствата може да се користат за оружје и други одбранбени средства од резервите на американското Министерство за одбрана, како и за воено образование и обука за помош на Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски