Зеленски: Русите сакаат Украинците на колена да молат за леб и вода

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео порака објавена денеска, рече дека неговата влада „работи на повторно обезбедување на хуманитарните коридори од градовите“.

– Автобусите веќе тргнаа, камионите се на пат и превезуваат храна, вода и лекови, рече Зеленски.

Тој ги спомна коридорите до пристанишниот град Мариупол, источниот град под опсада Волновахи и североисточните градови Изјум и Суми.

– Срцето ми се кине кога гледам што им направија окупаторите на нашите градови, на нашата земја, но и што сакаат да му направат на нашиот народ, на кој му е потребна итна помош, рече Зеленски.

– Русија сака да го понижи нашиот народ да моли на колена за леб и вода, и да можат да си ги спасат животите само со одење на окупираната територија или во Русија. Затоа тие ги блокираат Мариупол, Волновахи и другите градови, рече украинскиот претседател.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица