Од минута во минута: Украина и Русија ќе преговараат в понеделник, Путин ги подигна нуклеарните сили на високо ниво на подготвеност

Од:

Кризата во Украина од минута во минута

23:02 – Украинците масовно подготвуваат молотови коктели

Заменик-министерот за одбрана ги повика Украинците да направат молотови коктели, да земат оружје и да се приклучат на украинската армија.

22:46 – Франција до СБ на ОН ќе поднесе резолуција за прекин на огнот и хуманитарен пристап во Украина

Франција ќе поднесе резолуција во Советот за безбедност на Обединети нации, со која ќе повика на итен прекин на огнот во Украина и гаранции за доставување на хуманитарна помош до цивилите, најави Елисејска палата.

22:45 – Аерофлот откажува летови кон европските дестинации

Руската авиокомпанија Аерофлот денеска соопшти дека ќе ги откаже сите летови до европските дестинации до понатамошно известување.

22:42 – Франција им препорача на своите граѓани да ја напуштат Русија „без одлагање“

Француското Министерство за Европа и надворешни работи „силно им препорача“ на своите државјани во Русија да ја напуштат земјата „без одлагање“

22:40 – Џонсон: Нуклеарната закана на Путин „одвлекува внимание“ од настаните во Украина

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да го стави нуклеарното оружје во состојба на висока готовност е со цел да го одвлече вниманието од тоа што навистина се случува во Украина.

22:37 – (ВИДЕО) Кличко негираше дека рекол дека Киев е опколен: „Не верувајте во лаги“

„Руските веб-страници шират информации за мене, дека Киев е наводно опколен и дека евакуацијата на луѓето е невозможна. Не верувајте во лаги. Верувајте само во информации од официјални извори“, рече тој.

22:10 – Албанија го затвори воздушниот простор за руски авиони, а воведе и други санкции

Албанија од вечерва го затвори воздушниот простор за сите руски авиокомпании или секој авион регистриран во Русија, информираше министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка.

22:09 – ОН за утре свика седница на Генералното собрание за руската инвазија на Украина

Советот за безбедност на ОН за утре свика вонредна седница на Генералното собрание, на која ќе се разговара за руската инвазија врз Украина

22:08 – Австрија ја осуди одлуката на Путин за нуклеарното оружје

Официјална Виена остро ја осуди одлуката на претседателот на Русија, Владимир Путин, да ги стави во состојба на специјална борбена готовност руските сили за одвраќање, меѓу кои е и нуклеарното оружје.

22:01 – САД ги повикуваат своите граѓани веднаш да ја напуштат Русија

Граѓаните на САД треба да размислат веднаш да ја напуштат Русија со комерцијални летови, соопшти денеска Стејт департментот

21:55 – (ВИДЕО) Нови сателитски снимки: Огромен конвој тенкови се движи кон Киев

Снимката објавена од Maxar Technologies Inc покажува стотици воени возила во колона која се протега на повеќе од пет километри.

21:41 – Борел: Ниедна земја членка не ја попречи одлуката за вооружена помош за Украина

Шефот на ЕУ дипломатијата, Жозеп Борел, ги соопшти деталите од одлуката за испраќање оружје во Украина за помош против руската агресија.

21:13 – Зеленски нема да биде дел од делегацијата во преговорите со Русија, тврди украинската амбасадорка во САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски „дефинитивно нема да биде дел од делегацијата во преговорите со Русија“.

20:58 – Денисова: Повеќе од 210 Украинци убиени и над 1.100 ранети во руската инвазија

Повеќе од 210 Украинци се убиени, а над 1.100 се ранети откако Русија ја почна инвазијата врз Украина, соопшти денеска Канцеларијата на Народниот правобранител на Украина, пренесе Укринформ.

20:43 – Ленарчиќ: На Украина и се заканува најголемата хуманитарна катастрофа во Европа

Европската комисија денеска соопшти дека Европа, поради конфликтот во Украина, се соочува со најголемата хуманитарна криза во последно време и процени дека бројот на внатрешно раселените Украинци може да надмине седум милиони.

20:28 – Белата куќа ја повика Кина да ја осуди руската инвазија на Украина

Белата куќа денеска ја повика Кина да ја осуди руската инвазија на Украина, бидејќи нападот на Москва врз нејзиниот сосед продолжува, а рускиот претседател Владимир Путин ги стави нуклеарните сили во состојба на специјална борбена готовност.

20:23 – Белорусија на референдум, Лукашенко сака Русите да им дадат нуклеарни бомби

Белорусија одржа референдум за усвојување на нов устав со кој ќе се смени статусот за нуклеарното оружје и ќе се овозможи негово стационирање на нејзина територија, во време кога државата стана појдовна точка за руските напади врз Украина.

20:02 – Турција го ограничува влегувањето на руските воени бродови во Црно Море

Турција денеска ја промени својата реторика, нарекувајќи го рускиот напад врз Украина „војна“

19:55 – ВИДЕО: Украинците објавија нова снимка, велат дека уништиле ракетен систем со дрон

Украинските власти објавија уште едно видео на кое се гледа како што велат уништувањето на рускиот ракетен систем БУК од беспилотно летало.

19:46 – Русија се закани со напади врз конвоите што ќе пренесуваат странско оружје за Украина

Руската војска може да ги уништи возилата што ќе ја превезуваат смртоносната помош за Украина од Западот, откако ќе ја преминат границата

19:45 – Борел: ЕУ ќе ја забрани работата на руските медиуми РТ и Спутник

Европската унија ќе ја забрани работата на руските медиуми РТ и Спутник, изјави денеска шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел.

19:33 – Орбан: Интересот на Унгарија е да се избегне воен конфликт

Тој повтори дека Унгарија нема да испраќа оружје во соседна Украина, но ќе им помогне на сите бегалци од таа земја.

19:28 – Руската полиција приведе повеќе од 900 луѓе на антивоените протести

Руската полиција уапси повеќе од 900 луѓе на антивоените протести во 44 руски градови

18:48 – Русија првпат призна дека има жртви и повредени во војната во Украина

Русија денеска за првпат од почетокот на војната во Украина, пред четири дена, призна дека има жртви во своите редови, јави ДПА.

18:42 – Управниот одбор на ЕАНА ја суспендира агенцијата ТАСС од членството

Управниот одбор на Европската асоцијација на новински агенции (ЕАНА). на барање на извршниот директор на полската државна агенција ПАП, денеска донесе одлука за суспендирање на ТАСС од членството.

18:38 – ЕУ сака да ги поттикне земјите членки да праќаат оружје во Украина

На иницијатива на шефот на ЕУ дипломатијата, Жозеп Борел, министрите вечерва треба да дадат зелено светло за првпат Европскиот фонд за мир да се користи за испраќање оружје во Украина

18:35 – Во САД бојкот на водка и други стоки од руски увоз во солидарност со народот на Украина

Во одговор на руската инвазија на Украина во повеќе сојузни држави најавија бојкот на руски производи во солидарност со народот на Украина подложен на воена агресија од страна на Русија.

18:34 – Кулеба: Разговорите со Русија без никакви предуслови и ултиматуми веќе се победа

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, денеска изјави дека Украина нема да се предаде или капитулира во преговорите со Русија и дека подготвеноста на Русија да зборува без никакви предуслови, ултиматуми и барања е веќе победа за Украина.

18:34 – ВИДЕО: Огромна посетеност на мирниот протест за поддршка на Украина во Берлин

На протестот против војната во Украина денеска во Берлин се собраа неколку пати поголем број лица од очекуваното, наведоа организаторите и полицијата.

17:46 – Советот на гувернери на МААЕ свика итна седница поради војната во Украина

Состанокот е свикан на барање на Украина, која не е членка на Советот, велат дипломатите.

17:39 – Јохансон: Потребен е план за прераспределба на бегалците од Украина

Европската унија мора да се подготви за зголемен бран бегалци кои бегаат од Украина, изјави денеска еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон

17:07 – Украинците тврдат дека за седум пати е зголемено нивото на зрачење кај Чернобил

Стандардното ниво на радијација во затворената нуклеарна централа во Чернобил е зголемено за седум пати, соопшти Украинската државна агенција за управување со зоната.

17:06 – Блинкен: САД ќе испратат хуманитарна помош за Украина во вредност од речиси 54 милиони долари

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека САД ќе испратат хуманитарна помош во вредност од речиси 54 милиони долари за Украина.

17:00 – Бела куќа: Во ниту еден момент НАТО не и се заканил на Русија

Русија никогаш не била под закана од НАТО, вели портпаролката на Белата куќа Џен Псаки

16:58 – Германските и австриските железници нудат бесплатен превоз за украинските бегалци

Германската железничка компанија „Дојче Бан“ понуди бесплатен превоз за сите Украинци кои сакаат да стигнат во Германија од полско-украинската граница, а слична понуда најавија и Австриските државни железници.

16:52 – Преговорите меѓу Украина и Русија в понеделник наутро

Во попладневните часови беше објавено дека двете страни, и Русија и Украина се согласиле на преговори.

16:47 – Кулеба: Русите го уништија најголемиот авион на светот

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба преку својот твитер профил извести дека Русите го уништиле најголемиот авион на светот.

16:38 – ВИДЕО: Украинците објавија снимка, велат со дрон уништиле руски конвој

Украинската армија објави видео на кое, како што велат, се гледа уништувањето на рускиот конвој со дрон.

16:29 – Канада го затвори својот воздушен простор за руските авиокомпании

Воздушниот простор на Канада е затворен за сите руски авиокомпании, изјави денеска Омар Алгабра, министер за транспорт на Канада.

16:06 – Столтенберг вознемирен од наредбата на Путин за специјална готовност од „нуклеарно одвраќање“

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост од одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ги стави во специјална готовност силите за одвраќање на земјата, јави ДПА.

15:50 – Томас-Гринфилс: Наредбата на Путин е неприфатлива ескалација на војната во Украина

По наредбата на рускиот претседател Владимир Путин за зголемувањсето на степенот на подготвеност на руските „сили за одвраќање“, што значи на руските нуклеарни сили, со првична реакција се јави американската амбасадорка во Обединетите нациии, Линда Томас-Гринфилд

15:38 – ВИДЕО: Путин нареди руските нуклеарни сили да се стават во борбена готовност

Рускиот претседател Владимир Путин денеска нареди руските нуклеарни сили да се подигнат на високо ниво на подготвеност, оправдувајќи го тоа „со агресивните изјави на НАТО“ и економските санкции против Москва.

15:31 – Зеленски: Украина се согласи на мировни разговори со Русија во Белорусија

Украина се согласи да ги почне мировните преговори со Русија, при што делегациите од двете земја ќе се сретнат на украинско-белоруската граница, соопшти денеска канцеларијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

15:29 – Захородник: Белорусија може да и се придружи на Русија во војната против Украина

Единствената причина за таквата одлука би била тоа што Лукашенко е целосно зависен од Путин, вклучувајќи ја и неговата безбедност, изјави денеска Андриј Захородник, поранешниот украиснки министер за одбрана.

15:23 – Франција го затвора својот воздушен простор за руски авиони

„Франција од вечерва го затвора својот воздушен простор за сите руски авиони и авиокомпании“, истакна францускиот министер за транспорт Жан Баптист Џебари.

14:56 – Кличко: Русите не влегоа во градот, Киев се брани од нападите

Градоначалникот на главниот град на Украина, Киев, Виталиј Кличко изјави дека во градот нема руски војници и дека Киев продолжува да се брани од напади.

14:38 – Русите тврдат: Украина доаѓа на преговори во Белорусија

Шефот на руската делегација и помошник на претседателот Владимир Путин, Владимир Медински изјави, како што јави руската агенција Интерфакс, дека Украина се согласила да дојде на преговорите во Гомел, Белорусија.

14:35 – Путин ја обвини Украина дека пропушти можност за разговори

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги обвини украинските власти дека ја пропуштија „можноста“ за разговори, откако неговата армија пред четири дена изврши инвазија врз соседната земја.

14:08 – Зеленски: Разговарав со Лукашенко

14:05 – Украина: Ја презедовме контролата над Харков

Украинските сили ја вратија контролата врз клучниот град Харков, изјави регионалниот гувернер Олег Синегубов, кој утринава извести дека Русите влегле во градот.

13:44 – Израел понудил посреднички услуги за разговори со Москва за запирање на непријателствата во Украина

Израелскиот премиер, Нафтали Бенет, понудил израелски посреднички услуги во разговорите со рускиот претседател Владимир Путин, со цел да се запрат непријателствата во Украина, соопшти Кремљ.

13:43 – Атина упати демарш до руската амбасада во Грција за загинатите грчки иселеници во Украина

Демаршот доаѓа откако во текот на вчерашниот ден вкупно десет грчки иселеници ги загубија животите во две украински села, а според грчките власти, загинале при бомбардирањето од руски авиони.

13:42 – Вселенскиот патријарх Вартоломеј повика на итен прекин на војната во Украина

Вселенскиот патријарх Вартоломеј, духовниот поглавар на околу 300 милиони православни христијани во светот, денеска повика на прекин на воените дејствија во Украина.

13:26 – Грција испраќа одбранбен материјал и хуманитарна помош во Украина

Во текот на денот, со два воени авиони C-130 Грција ќе испрати одбранбен материјал за Украина

13:23 – ЕУ ќе го финансира купувањето оружје за украинската армија

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави денеска дека ќе предложи европска финансиска помош за Украина за купување оружје и гориво.

13:21 – Папата повика на „итно“ отворање хуманитарни коридори за Украина

Папата Франциско денеска апелираше за прекин на конфликтот во Украина.

13:20 – УНХЦР: Бројот на бегалци од Украина достигна 368 илјади

Бројот на Украинци кои избегале во соседните земји од борбите во Украина од почетокот на руската инвазија се искачи на околу 368.000 и нивниот број „продолжува да расте“,соопшти денеска УНХЦР.

13:14 – Македонско МНР: Две семејства со наши државјани од Одеса очекуваме да пристигнат во Бугарија

Од Министерството упатија апел до нашите граѓани кои се наоѓаат на територијата на Украина, доколку се во можност, да се упатат во Одеса, во просториите на Генералниот Конзулат на Република Бугарија, од каде сѐ уште има активни коридори за евакуација.

13:11 – Зеленски: Украина поднесе тужба против Русија во Хаг

Украина поднесе тужба против Русија пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, објави денеска на Твитер претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

13:03 – Владата воведе забрана за влез во воздушниот простор на територијата на Македонија за руските авиокомпании

Од оваа одлука се изземаат хуманитарните и летовите кои се во случаи на итност.

13:00 – Патријархот Кирил повика на молитва за мир во „руската земја“

Патријархот Московски и на цела Русија Кирил денеска по литургијата во црквата Христос Спасител во Москва изјави дека се моли за мир во, како што рече, „руската земја“.

12:56 – Шолц: Светот влезе во „нова ера“ со руската инвазија на Украина

Светот влезе во „нова ера“ со руската инвазија на Украина, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц на вонредната седница на Бундестагот.

12:16 – Русија и дава краен рок на Украина за одлука за разговорите во Белорусија

Русија им даде краен рок на украинските власти до 15 часот по локално време

12:15 – Германија и Белгија го затвораат воздушниот простор за летови на руски авиокомпании

Германија ќе го затвори својот воздушен простор за руските авиони и авиокомпании на три месеци од 15 часот денеска по локално време, соопшти неговото Министерство за транспорт.

12:14 – Според Киев, руската страна досега има загуби од 4.300 војници, 146 тенкови, 27 авиони и 26 хеликоптери

Украинската заменик-министерка за одбрана, Хана Малијар, денеска објави дека руските сили од почетокот на нападот во Украина имаат околу 4.300 жртви.

12:09 – Брисел разгледува целосна забрана за летови на руски авиокомпании на ниво на ЕУ

Европската Унија ја разгледува можноста за целосна забрана за летови на руски авиокомпании на просторот на Унијата, како можен следен сет санкции против Русија.

12:08 – Во Полска преминале 156 илјади бегалци од Украина

Од почетокот на рускиот напад на Украина во соседна Полска преминале 156 илјади украински бегалци. На границата се формирани долги колони, а на украинска страна од премините се чека и по 70 часа, соопшти денеска полската Гранична стража.

10:40 – Германскиот канцелар Олаф Шолц пред Бундестагот ќе ја образложи одлуката за воена помош за Украина

Владата во Берлин синоќа се одлучи на пресврт во политиката на извоз на оружје, најавувајќи поддршка на украинските оружени сили

10:36 – Велика Британија смета дека не може да се преговара се додека руските трупи се во Украина

Британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас, изјави дека не може да има разговори со Русија за Украина додека има руски војници на украинска територија.

10:35 – Подољак: Ставот на Зеленски е преговори без ултиматуми

Украина е исклучиво за „реални” преговори со Русија за нејзината воена офанзива, без какви било ултиматуми, изјави денеска Микаило Подољак

10:31 – Русија тврди: Блокиравме уште два града, украинските војници во Харков ни се предадоа

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили целосно ги блокирале градовите Херсон и Бердјанск во јужна Украина.

10:17 – Украинска компанија за одржување патишта ги збуни Русите со патокази: Оде*ете до Русија

„Непријателот има слаба комуникација и не може да се снајде на терен“, напиша Укравтодор на Фејсбук.

„Да им помогнеме да стигнат директно во пеколот“, додава Укравтодор.

09:49 – Уништени 975 украински воени објекти, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана

Руските вооружени сили уништија 975 објекти на украинската армија, изјави денеска портпаролот на Министерството за одбрана на Русија

09:25 – Првата реакција на Северна Кореја за руската инвазија: САД се „вистинската причина за украинската криза“

САД се „вистинската причина за украинската криза“, објави Северна Кореја во својата прва официјална реакција по руската инвазија на Украина.

09:21 – Путин: Посебна почит им оддавам на оние кои херојски се борат во Донбас

Путин ја нарече инвазијата на Украина „специјална операција за давање помош на народните републики во Донбас“ и го пофали „херојството“ на руските сили кои се борат во Украина, пренесува АФП.

09:16 – ВИДЕО: Снимки од Харков, руски воени камиони низ улиците

Утрово Русите влегоа во Харков, вториот по големина украински град по Киев.

09:08 – ВИДЕО: Зеленски вели дека е подготвен за разговори со Русија, но не во Белорусија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја отфрли руската понуда за разговори во Белорусија.

09:06 – ОН: Најмалку 64 цивили убиени во Украина

Најмалку 64 цивили се убиени, а повеќе од 160.000 се во движење откако руските трупи влегоа во Украина оваа недела, соопшти агенцијата за помош на ОН.

08:47 – Кремљ вели дека е подготвен за разговори со Украина во Белорусија

Руска делегација пристигна во Белорусија на разговори со украинската страна, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

08:42 – Американските аналитичари објавија мапа: Ова се деловите на Украина кои Путин ги освои

Аналитичарите на воените операции на Американскиот институт за проучување на војната ги објавија најновите проценки за движењето на руските сили во Украина.

08:42 – Украинскиот министер за одбрана: Каде се сега оние кои тврдеа дека е лесно да се освои Киев?

„Каде се сите оние кои ветија дека ќе го освојат Киев за 72 часа? Не ги гледам“, додаде тој.

08:42 – Шест лица, меѓу кои и едно девојче, загинаа во руско гранатирање во регионот Суми, известуваат официјални лица

Шест лица, меѓу кои и седумгодишно девојче, загинаа во руското гранатирање на градот Охтирка во регионот Суми, изјави гувернерот Дмитриј Живицки.

08:40 – Трамп: Страшен напад врз Украина, немаше да се случи доколку нашите избори не беа наместени

„Оваа страшна катастрофа никогаш немаше да се случи ако нашите избори не беа наместени и јас бев претседател“, рече тој.

08:19 – Украинците од Змискиот остров, кои наводно им рекле на Русите „е*ете се“, сепак се живи?

Бранителите на малиот украински остров во Црното Море можеби се уште се живи, се вели во соопштението објавено од Државната гранична стража на Украина (СБГСУ).

08:05 – Зеленски: Украина формира странска легија за волонтери од странство

Украина формира странска „меѓународна“ легија на волонтери од странство, изјави денеска претседателот Володимир Зеленски.

07:51 – ВИДЕО: Руски трупи навлегоа во Харков

Украинските сили денеска се бореле со руските војници на улиците на североисточниот украински град Харков, изјави регионалниот гувернер Олех Синегубов.

07:49 – Советот за безбедност на ОН свика итна специјална седница на ГС на ОН

Гласањето во Советот за безбедност е процедурално, па ниту една од петте постојани членки – Русија, Кина, Франција, Велика Британија и САД – не може да стави вето.

07:47 – Министрите за надворешни на ЕУ на вонреден состанок за дополнителни мерки за поддршка на Украина

Министрите за надворешни работи на Европската унија денеска ќе одржат онлајн состанок со цел да се донесат дополнителни мерки за поддршка на Украина, најави шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел.

07:43 – ВИДЕО: Ракетиран град близу Киев, гори нафтен терминал

Руски ракети паднаа врз украинскиот град Василкив југозападно од главниот град Киев, при што е запален нафтен терминал, изјави градоначалничката во видео објавено на интернет.

07:40 – Серија ноќни напади и експлозии околу Киев

Екипата на Си-Ен-Ен од Киев јави за бројни експлозии во и околу градот, од кои две големи експлозии го „осветлиле небо во ноќта“ југозападно од Киев.

07:38 – Полскиот премиер: Русија може да ги нападне Полска, Финска и Балтикот

Полскиот премиер изјави дека стравува од руски напад врз неговата земја, Финска или балтичките земји и ја повика Европа да ги удвои трошоците за одбрана по инвазијата на Москва врз Украина.

07:37 – Фон Дер Лајен: ЕУ ќе го „парализира“ имотот на руската централна банка

Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вечерва нагласи дека Брисел ќе предложи замрзнување на средствата на руската централна банка, како засилени санкции против Москва по инвазијата врз Украина.

07:36 – ОБСЕ евакуира персонал од Украина кон Молдавија

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) почна да го евакуира персоналот на својата специјална набљудувачка мисија од територијата под контрола на Украина во Молдавија, изјави неименуван дипломатски извор.

07:35 – Западните сојузници договорија нови финансиски санкции против Русија

Западните сојузници вчера се согласија на нови финансиски санкции против Русија поради нејзината инвазија врз Украина, вклучително и преземање на клучната акција за исклучување на голем број руски банки од меѓубанкарскиот систем SWIFT.

07:33 – Макрон побара од Лукашенко „повлекување на руските трупи“ од Белорусија

Францускиот претседател Емануел Макрон побара од својот белоруски колега Александар Лукашенко да обезбеди „повлекување на руските трупи“ од Белорусија, соопшти француското претседателство.

07:31 – САД: Санкциите за руската централна банка може да предизвикаат „слободен пад“ на рубљата

САД заедно со западните сојузници најавија санкции и за Банка на Русија, руската централна банка, се дознава од синоќешната заедничка изјава на САД, ЕК, Франција, Германија, Италија, Велика Британија и Канада.

26/02/2022

23:02 – Германија ќе го затвори својот воздушен простор за руски летови

Германските власти соопштија дека државата се подготвува да го затвори својот воздушен простор за руски авиони.

23:00 – Швајцарски весник: Зеленски побарал посредништво од Швајцарија

Угледен швајцарски весник објави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска побарал од својот швајцарски колега да дејствува како неутрален посредник меѓу Украина и Русија и да помогне за прекин на огнот меѓу двете земји.

22:45 – Мишел: ЕУ ќе ја олесни испораката на воена помош за Украина

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел вечерва најави дека ЕУ ќе и помогне на Украина и во одбраната.

22:23 – Макрон и Лукашенко, разговараа за улогата на Белорусија во руско-украинскиот конфликт

Францускиот претседател Емануел Макрон и претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко – сојузник на Кремљ – разговарале за улогата на Минск во војната во Украина, соопшти кабинетот на белорускиот лидер.

22:23 – Функционер на НАТО тврди дека Русија бавно напредува во Украина за да остави време за преговори

Висок воен функционер на НАТО тврди дека Русија бавно напредува во Украина во обид да остави време за преговори, јави Си-Ен-Ен.

22:17 – Украина ги затвора границите со Русија и со Белорусија

Украина ги затвора границите со Русија и Белорусија, изјави украинскиот премиер Денис Шмихаил.

22:17 – Велика Британија и Украина: Русија треба да биде целосно изолирана

Британскиот премиер Борис Џонсон и украинскиот претседател Володимир Зеленски се согласија за време на телефонски разговор денеска дека светот треба да ја изолира Русија „целосно дипломатски и финансиски“

22:08 – ВИДЕО: Бомби паѓаат во Киев, погодена детска болница, известуваат украинските медиуми

Украински ТСН јавува дека Русите при нападот погодиле детска онколошка болница во Киев и дека има мртви, пренесува Киев Индипендент

21:51 – Кабинет на Макрон: Дополнително испорачуваме воена опрема за Украина

Франција ќе испорача повеќе воена опрема на Украина и ќе ги засили санкциите против Русија, соопшти кабинетот на Макрон.

21:33 – (ВИДЕО) Зеленски: Ќе се бориме до крај, додека не ја ослободиме својата земја

Ако се раѓаат деца во засолништа додека продолжуваат бомбардирањето, јасно е дека непријателот нема шанси во оваа војна, рече Зеленски во своето обраќање вечерва.

21:29 – Зеленски за германското оружје: Само така, канцелару Шолц

Украинскиот претседател Володимир Зеленски не го криеше своето воодушевување за одлуката на германската влада да испрати оружје од германските залихи во Украина.

21:12 – Министрите за надворешни работи на ЕУ утре на состанок поради инвазијата на Русија врз Украина

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе се состанат утре откако Европската унија се соочи со зголемени повици од Киев да се засили воената поддршка и да се заострат санкциите кон Русија

21:06 – Урната официјалната веб-страниа на Кремљ

Хакери ја урнаа денеска официјалната веб-страница на Кремљ, кабинетот на рускиот претседател Владимир Путин

20:16 – ВИДЕО: Вечерва повторно тревога за воздушен напад врз Киев

Киев Индепендент повторно јави дека во градот има тревога за воздушен напад.

20:06 – Шолц: Германија ќе и испорача на Украина 1.000 парчиња противтенковско оружје и 500 ракети „Стингер“

Германија ќе и испорача на Украина 1.000 парчиња противтенковски орудија и 500 ракети земја-воздух „Стингер“ од резервите на Бундесверот за да може оваа нападната земја да се одбрани од руската инвазија

19:37 – (ВИДЕО) Бајден: Алтернативата е Трета светска војна

„Имате две опции. Започнете Трета светска војна, војувајте со Русија, во суштина. Или погрижете се земјата која дејствува толку спротивно на меѓународното право на крајот да ја плати цената за тоа“, рече Бајден.

19:26 – Германија одобри извоз на 400 ракетни гранати од Холандија во Украина

Германија одобри испорака на 400 ракетни гранати (РПГ) на Украина од страна на Холандија.

19:00 – ВИДЕО: Украинците уништиле руски конвој во близина на Киев

На социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа уништен руски конвој во близина на Киев рано утринава.

18:56 – ВИДЕО: Голем напад врз стратешкиот поморски град Миколаив, јужна Украина

Си-ен-ен јавува дека е во тек голем напад врз стратешкиот поморски град Миколаив во јужна Украина. Русите го напаѓаат од воздух и од земја.

18:42 – ВИДЕО: Огромна колона тенкови се движи кон границата кај Харков

Огромна колона тенкови се движи кон границата кај Харков, јавува Си-Ен-Ен.

18:23 – Пентагон: Бавен напредок на руските трупи поради силниот отпор

Русија располага со најмалку 50 отсто од своите сили за масивна инвазија на Украина, но напредува бавно поради неочекувано силен отпор, изјави висок американски воен претставник.

18:23 – Принцот Вилијам и Кејт изразија поддршка за Украина

Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт на Твитер објавија дека стојат покрај украинскиот народ „кој храбро се бори за својата иднина“.

18:21 – Словенија го затвори воздушниот простор за руски авиони

Словенија денеска одлучи да го затвори словенечкиот воздушен простор за руските авиони поради инвазијата на земјата во Украина

18:09 – ВИДЕО: Руската армија разнесе брана што ја блокираше водата на Днепар кон Крим

Браната на Севернокримскиот канал, која го блокираше протокот на вода од Днепар кон Крим, беше крената во воздух од руската армија

18:08 – „Лов на руски војници“ – 50 долари за убиен, 100 долари за жив Русин

Украинскиот пратеник Дмитро Соломчук нуди награда за заробени или убиени руски војници

17:54 – Неколку олигарси блиски до Путин ја напуштиле Москва и се кријат на француските Алпи

Приватниот авион на мултимилијардерот Роман Абрамович, поранешен сопственик на Газпром, вчера ја напушти Москва и слета на аеродромот Шамбери во Савоа. Речиси во исто време, во Савоа слета авионот на Виктор Векселберг, сопственик на рускиот конгломерат Ренова.

17:48 – Двајца загинати, шест повредени во зградата погодена од ракета во Киев, потврдија украинските власти

Украинските власти потврдија дека две лица загинаа, а шест се тешко повредени откако ракета погоди зграда во Киев чија слика денеска го обиколи светот.

17:41 – Петков: Три автобуса со Бугари и четворица Италијанци се тргнати од Украина за Бугарија

Бугарскиот премиер, Кирил Петков, и министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска, денеска одржаа вонреден брифинг за депортацијата на 140 бугарски државјани од Украина

17:41 – Украинската Управа за патишта побара да се извадат сите патокази во земјата

Со цел да се попречи руското напредување низ Украина, украинската Управа за патишта повика на демонтирање на сите патокази низ земјата, јави ДПА.

17:28 – Руски здруженија го повикуваат Путин да ја запре инвазијата на Украина

Голем број противници на војната од Русија го повикуваат претседателот Владимир Путин да ја запре инвазијата на Украина.

17:09 – Чеченскиот лидер Кадиров: Распоредивме сили во Украина, бараме соборување на владата

Рамзан Кадиров, лидерот на руската провинција Чеченија и лојален сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, денеска изјави дека чеченските борци се распоредени во Украина и побара од Украинците да ја соборат нивната влада.

17:07 – Загинаа двајца грчки иселеници во Украина, протесна нота од Атина до рускиот амбасадор во Грција

Двајца грчки иселеници загинаа, а шест се повредени, меѓу кои и едно дете при бомбардирањето од руски авион на цивили во селото Сартана во Украина, соопштија од грчкото МНР

17:05 – УНХЦР: Украина досега ја напуштиле повеќе од 150.000 луѓе

Повеќе од 150.000 луѓе досега ја напуштиле Украина, соопшти денеска високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди.

17:03 – Моравјецки: Полска ја осудува „огромната себичност“ на западните земји, вклучително и Германија

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска во Берлин ја осуди „големата себичност“ на некои западни земји, „вклучувајќи ја и Германија“, по руската инвазија на Украина.

16:54 – Тревога во неколку украински градови, се очекуваат воздушни напади

Киев Индипендент објави дека е прогласена воздушна опасност во неколку украински градови.

16:48 – Нова наредба за Русите: Офанзива во сите правци

Претставникот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков изјави дека по одбивањето на Украина да преговара, е дадена нова наредба која се однесува на развивање на офанзивата во сите правци.

16:21 – Украински МВР: 25.000 парчиња автоматско оружје поделени на граѓаните на Киев

Со цел да се спречи очекуваниот голем руски напад врз украинскиот главен град Киев, локалните власти соопштија на жителите на главниот град им е поделено многу оружје.

16:19 – Украина не ги одбива преговорите, но не се согласува со руските ултиматуми

Украина денеска ги демантираше изјавите дека ги одбила преговорите за примирје со Русија, притоа нагласувајќи дека не се согласува со ултиматуми или неприфатливи услови.

16:14 – Холандската Влада на Украина ќе и испрати 200 противвоздушни ракети „Стингер“

Холандската Влада одлучи на Украина да и испрати 200 противвоздушни ракети „Стингер“.

16:12 – Кулеба: Секој Русин ќе ги почуствува ефектите од санкциите

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, денеска ги предупреди Русите дека секој од нив ќе го почувствува ефектот од санкциите, јавија украинските медиуми.

15:56 – Зеленски: Благодарност до Ердоган, затворањето на преминот за руските бродови е многу важно

Турција го затвори преминот на руските воени бродови низ Црното Море, во екот на руската инвазија на Украина, потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски.

15:54 – Украинците кои живеат во Грција одржаа мирен протест пред руската Амбасада во Атина

Со украински знамиња, со слогани против војна и против Путин, Украинци кои живеат во Грција денеска одржаа мирен, антивоен протест пред Амбасадата на Русија во Атина.

15:45 – Песков: Офанзивата продолжува бидејќи Украина одби да преговара

На редовен брифинг со новинарите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска го обвини украинското раководство дека ги „отфрла преговорите“.

15:45 – Орбан: Ова е војна, ги поддржуваме сите санкции против Русија

Унгарија ќе ги поддржи сите санкции на Европската унија против Русија и нема да блокира ништо, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан, говорејќи на украинско-унгарската граница.

15:44 – Украинската Врховна рада бара меѓународната заедница да го прогласи Путин за воен злосторник

Врховната рада на Украина ја повика меѓународната заедница да го признае Путин како воен злосторник и да ги зајакне санкциите не само против него, туку и против Русите кои се целосно одговорни за нивните власти.

15:31 – Русија го затвори северозападниот дел на Црното Море

Украинската гранична служба денеска соопшти дека Русија го затворила за пловидба северозападниот дел на Црното Море.

15:27 – Блинкен: САД ќе обезбедат дополнителна воена помош од 350 милиони долари за Украина

Соединетите Американски Држави ќе обезбедат дополнителна воена помош од 350 милиони долари за Украина за борба против руската инвазија, изјави државниот секретар Ентони Блинкен.

15:23 – По санкциите на ЕУ, Роскосмос го прекина лансирањето ракети од космодромот Куру во Француска Гвајана

По санкциите на Европската унија против Москва поради руската инвазија врз Украина, Русија го прекинува лансирањето од космодромот Куру во Француска Гвајана, објави денеска руската вселенска агенција Роскосмос

15:18 – Резников за Укринформ: Над 3.000 руски окупатори се убиени, а 200 заробени

Во двата дена од руската инвазија врз Украина, убиени се над 3.000 напаѓачи, повеќе од 200 војници се заробени, а овие бројки постојано растат…

15:17 – Украинската служба за безбедност демантира дека руски хеликоптери слетале во Лавов

Украинската служба за државна безбедност (СБУ) денеска ја демантираше информацијата дека руски хеликоптери слетале во областа на градот Лавов, на западот на Украина.

15:15 – Словачка прогласи вонредна состојба поради приливот на бегалци

Владата на Словачка денеска прогласи вонредна состојба поради приливот на странци во земјата, јавуваат словачките медиуми.

15:15 – Зеленски: Повеќе од 100.000 руски окупатори се во Украина

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска изјави дека во Украина има повеќе од 100.000 руски окупатори, јави украинската државна агенција Укринформ.

15:10 – Русија: Станбената зграда во Киев ја погодија Украинци, а не ние

Руското Министерство за одбрана ги демантираше информациите дека една од неговите ракети погодила станбена зграда во Киев, тврдејќи дека штетата била предизвикана од украинска противвоздушна ракета

14:59 – Русија: Путин нареди да се запре нападот, но Украинците не сакаат преговори

Кремљ тврди дека рускиот претседател Владимир Путин наредил прекин на офанзивата во Украина во петокот, очекувајќи преговори со Владимир Зеленски, но им рекол да продолжат кога тоа не се случи.

14:42 – Украинскиот министер Кулеба објави слика од заробени Руси, испрати порака до руските мајки

Министерот за надворешни работи на Украина Дмитриј Кулеба им се обрати на руските мајки, сопруги и ќерки и ги повика да ги вратат своите најблиски во Русија.

14:36 – Чавушоглу го повика Лавров за запирање на воените операции во Украина

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу телефонски разговарал со рускиот колега Сергеј Лавров, притоа повикувајќи го за прекин на воените операции во Украина, јави турската приватна телевизија НТВ.

13:54 – Телефонски разговор Мицотакис – Зеленски, Грција испраќа медицински материјал во Украина

Целосна поддршка од Грција за Украина и подготвеност да се испрати помош доколку е потребно изразил грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис до украинскиот претседател Володимир Зеленски во нивниот денешен телефонски разговор

13:47 – Лабуристите во Британија бараат протерување на рускиот амбасадор во Лондон

Главната опозициска партија во Велика Британија го повика премиерот да го протера рускиот амбасадор. Дејвид Лами, пратеник на Лабуристичката партија, во изјава за Индепендент, нагласи дека амбасадорот на Русија во Лондон, Андреј Келин треба да биде протеран.

13:21 – Израелската амбасада од Украина се префрла во Полска

Министерот за надворешни работи на Израел, Јаир Лапид, им наложи на вработените во Израелската амбасада од западниот украински град Лавов да се префрлат на полската страна од границата.

13:19 – На Русија всушност повеќе не и се потребни дипломатски односи со Западот, тврди Медведев

На Русија всушност повеќе не и се потребни дипломатски односи со Западот, нагласи поранешниот претседател на Русија, и висок безбедносен функционер Дмитриј Медведев, отфрлајќи ги западните санкции наметнати на Москва поради нејзината инвазија на Украина.

13:07 – Кличко го заострува полицискиот час во Киев

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко најави денеска дека ќе се заостри полицискиот час во главниот град на Украина. Според него, прекршителите ќе се сметаат за „непријатели“.

13:07 – Зеленски побарал од Бенет да посредува во мировните преговори, изјави украинскиот амбасадор во Израел

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од израелскиот премиер Нафтали Бенет да биде домаќин и да помогне во преговорите меѓу Украина и Русија, изјави денеска за Си-Ен-Ен украинскиот амбасадор во Израел, Евгениј Корнијчук.

13:00 – ВИДЕО: Русите испраќаат исклучително моќно оружје, термобаричен ракетен фрлач

Си-eн-eн објави видео од Русија на кое е прикажан исклучително моќен ракетен систем ТОС-1. Овој ракетен фрлач е на камионот и, како што пишува Си-eн-eн, се движи кон Украина.

12:25 – Руски карго брод запленет од француските власти

Француските власти веруваат дека тоа може да биде поврзано со компанија осомничена за кршење на трговските санкции поврзани со војната во Украина.

12:22 – Британски разузнавачки информации: „Руските жртви веројатно ќе бидат тешки и поголеми отколку што се очекуваше или признава Кремљ“

Велика Британија соопшти дека мнозинството руски сили се на околу 30 километри од центарот на Киев.

12:17 – (ВИДЕО) Зеленски: Ќе победиме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово и се обрати на јавноста и рече дека неговата земја ќе триумфира над руските сили.

12:03 – Словенија го евакуираше персоналот на својата Амбасада во Киев

Словенија го евакуираше персоналот на својата Амбасада во Киев поради ситуацијата во Украина, но е подготвена да им помогне со оружје на украинските власти.

12:01 – Русија ќе биде исфрлена од SWIFT системот во наредните денови, тврди гувернер на централна банка од ЕУ

Одлуката за исфрлање на Русија од глобалниот платен систем SWIFT ќе биде донесена во следните неколку дена, изјави за западни медиуми еден од гувернерите на централна банка во ЕУ.

11:49 – Медведев: Санкциите не значат ништо, операциите ќе бидат целосно спроведени

Санкциите воведени против Русија нема да сменат ништо, операцијата да се заштити Донбас ќе биде спроведена во целина, изјави денеска заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитри Медведев.

11:48 – Полска: 100.000 Украинци ја преминале границата кон Полска од почетокот на руската инвазија

Полскиот заменик-министер за внатрешни работи Павел Шефернакер деенска нагласи дека 100.000 луѓе ја преминале границата кон Полска од Украина од почетокот на руската инвазија оваа недела.

11:30 – УНХЦР: Повеќе од 120 илјади бегалци од Украина во соседните држави

Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР) соопшти дека повеќе од 120 илјади украински бегалци ја напуштиле земјата откако Русија ја започна воената интервенција.

11:25 – Чешка и донира на Украина оружје вредно 7,6 милиони евра

Чешка ќе донира автоматски и снајперски пушки, пиштоли и муниција во вредност од 7,6 милиони евра на Украина, објави министерката за одбрана на таа држава.

11:25 – Потешкотии со интернетот во Киев и поголем дел од Украина, јавија западни медиуми

Интернет во Украина е погоден од руската инвазија, при што се пријавени проблеми со поврзувањето на југот и на истокот на земјата, јавија западни медиуми.

11:05 – Холандската амбасада од Украина преместена во Полска

Холандското Министерство за надворешни работи соопшти дека ја преместува својата амбасада од Украина во Полска, за да се осигура безбедноста на нејзиниот персонал.

10:50 – Според американски медиуми, ограничени се можностите на Пекинг да му помогне на Владимир Путин во ублажувањето на санкциите

Кина во моментов е единствениот пријател кој може да и помогне на Русија во ублажувањето на влијанието од економските санкции воведени поради инвазијата на Украина

10:48 – Најмалку 198 загинати во руската инвазија, изјави украинскиот министер за здравство

10:36 – Противтенковско оружје, ПВО системи, муниција за украинската армија

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитриј Кулеба, изјави дека во Украина е доставено противтенковско оружје, опрема за противвоздушна одбрана, муниција за сите видови оружје и артилерија, возила, панцири и гориво.

10:25 – Оружени престрелки утрово во Суми и во Киев, Чешка и Холандија најавија воена помош за Украина

Оружени престрелки повторно се забележани во градот Суми во североисточна Украина, со повик на локалните власти до населението да остане во своите домови.

10:25 – Британското МО оценува дека Руските воени сили не ги постигнале првично очекуваните цели

Русија не ги постигнала своите првични цели – борбите надвор од Киев биле ограничени на единиците на руските специјални сили, оценува британското Министерство за одбрана.

10:09 – Руските медиуми со забрана од властите: Не користете ги зборовите „инвазија“ и „напад“

Руските власти им порачаа на медиумите во државата да не користат зборови „инвазија“ и „напад“.

10:07 – Јапонија се уште не се изјаснила дали ќе ги поддржи санкциите кон Путин и Лавров

Јапонскиот министер за надворешни работи, Јошимаса Хајаши и американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, денеска се согласија дека е неопходен е одговор на руската инвазија на Украина, за истата да не стане „погрешна лекција“.

10:01 – Телефонски разговор Зеленски – Фон дер Лајен

09:58 – Руските сили тврдат дека уништиле повеќе од 800 воени цели во Украина

Руските вооружени сили уништиле повеќе од 800 објекти на украинската воена инфраструктура, соопшти денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.

09:57 – Евакуација на украинската Амбасада од Москва во Рига

Украинската амбасада во Москва се евакуира во Летонија.

09:54 – Новинар: Aвтомобилот во Киев не го прегази руски, туку украински тенк

На социјалните мрежи вчера се прошири видео од тенк како гази цивилен автомобил во Киев. Сепак, еден новинар наведува дека не се работи за руски тенк, туку за украински.

09:53 – Нема жртви од ударот врз станбена зграда во Киев, изјави советник на украинската влада

Ракетата што погоди станбена зграда во украинскиот главен град Киев денеска не предизвикала жртви

09:50 – Хајнц Фишер: Путин е променет како личност

Поранешниот претседател на Австрија, Хајнц Фишер, коментирајќи ја ситуацијата со Украина, вели дека претседателот на Русија, Владимир Путин, се променил како личност.

09:43 – Кулеба побара целосна изолација на Русија

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитриј Кулеба, побара од светот целосна изолација на Русија, по ракетните напади врз станбени делови на Киев.

09:23 – Кличко: Ноќеска во Киев се повредени 35 лица, меѓу нив и две деца

Во тешките борби во текот на ноќта во Киев се повредени 35 лица, меѓу кои и две деца, тврди градоначалникот на Киев Виталиј Кличко.

09:13 – Еден од најблиските сојузници му сврте грб на Путин, одбивајќи да испрати војници во Украина

Казахстан, еден од најблиските сојузници на Русија, го отфрли барањето неговите војници да се приклучат на офанзивата во Украина, соопштија казахстанските власти.

09:02 – Зеленски побара да се донесе одлука за членство на Украина во ЕУ

Украинскиот претседател Володомир Зеленски побара да се донесе одлука за членство на Украина во Европската унија.

08:48 – Макрон: Оваа војна ќе трае

Светот мора да се подготви за долга војна меѓу Русија и Украина, предупреди денска францускиот претседател Емануел Макрон.

08:44 – Лидерите на Полска, Литванија и Германија на состанок во Берлин за санкциите кон Русија

Лидерите на Полска, Литванија и Германија ќе се сретнат денеска во Берлин за да разговараат за санкциите кон Русија, објави на Твитер портпаролот на полската влада Пјотр Мулер.

08:23 – Нови сателитски снимки, Белорусија носи војска во близина на украинската граница

Околу 150 транспортни хеликоптери и бројни копнени трупи се наоѓаат на 32 километри од белоруско-украинската граница во јужна Белорусија, покажуваат сателитските снимки од Maxar.

08:18 – ВИДЕО: Граната погоди станбена зграда во централниот дел од Киев, има жртви

Украинската државна служба за итни случаи соопшти дека граната испукана од руските сили погодила станбена зграда во центарот на Киев.

07:57 – Ракети истрелани од Црното Море, Украина: Досега убивме 3.500 руски војници

Украинската војска соопшти дека повеќе од 3.500 руски војници вклучени во инвазијата биле убиени, а речиси 200 заробени.

07:53 – (ВИДЕО) Зеленски: Се уште сум тука, нема да го оставиме оружјето

Украинскиот претседател Зеленски утрово објави уште едно видео од центарот на Киев.

07:52 – Франција ќе распореди воен персонал како дел од силите на НАТО во Романија

Франција ќе распореди 500 луѓе, воен персонал како дел од силите на НАТО во Романија откако Русија ја нападна соседна Украина, изјави началникот на Генералштабот на армијата.

07:50 – Претседателскиот советник вели дека Украина ќе постави услови во какви било преговори со Русија

Висок советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски објави порака, два дена по почетокот на руската инвазија.

07:48 – Украинско МВР со предупредување до цивилите во Киев дека се водат улични борби

Украинското Министерство за внатрешни работи ги предупреди цивилите во Киев дека во главниот град се водат улични борби.

07:47 – Бајден одобри воена помош од 350 милиони долари за Украина

Американскиот претседател Џо Бајден му нареди на американскиот Стејт департмент да ослободи 350 милиони долари воена помош за Украина додека се брани од руската инвазија.

07:44 – Алексеј Данилов: Ситуацијата во Киев е под контрола на украинските вооружени сили

Секретарот на украинскиот Советот за национална безбедност и одбрана, Алексеј Данилов утрово изјави дека ситуацијата во Киев е под контрола на Вооружените сили на Украина.

07:43 – Залужни: Украинската армија собори руски воен транспортен авион „Ил-76“ со падобранци во него

Украинските вооружени сили синоќа соопштија дека собориле руски воен транспортен авион „Иљушин Ил-76“, јави ДПА.

07:41 – Варшава, Прага и Софија од полноќ го затворија воздушниот простор за руските авиокомпании

Полска, Чешка и Бугарија вчера соопштија дека од денеска го затвораат својот воздушен простор за руските авиокомпании како одговор на руската инвазија на Украина.

07:39 – Сателитски снимки покажуваат огромна колона луѓе кои бегаат од Украина

Нови сателитски снимки покажуваат огромен метеж додека илјадници луѓе се обидуваат да ја напуштат Украина и да преминат во Романија.

07:39 – Унгарија се понуди за домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто предлогот им го дал на рускиот колега Сергеј Лавров и шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак.

07:35 – Зеленски ја одби понудата на САД да го евакуираат: „Ми треба муниција, а не транспорт“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја одбил понудата на Вашингтон да го евакуира од Украина, пишуваат американските медиуми.

07:31 – Вашингтон воведе санкции против Путин и други руски челници

САД синоќа воведоа санкции против рускиот претседател Владимир Путин, министрите за надворешни работи и одбрана Сергеј Лавров и Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов поради руската инвазија врз Украина.

07:28 – ВИДЕО: Битката за Киев

На третиот ден од руската инвазија на Украина се води тешка битка за Киев, одекнуваат експлозии и се слушаат истрели и во градот и во околината.

07:28 – Гутереш го именуваше Амин Авад за координатор за Украина

Суданскиот дипломат Амин Авад е именуван за кризен координатор на ОН за Украина, јави ДПА.

07:22 – Русија стави вето, Кина воздржана, за Резолуцијата на СБ на ОН за инвазијата врз Украина

Русија, како и што се очекуваше, вечерва стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН против нападот на Москва на Украина, јавио ДПА од Њујорк.

25/02/2022

23:21 – Русија ги критикуваше санкциите на ЕУ и САД против Путин и Лавров

Русија вечерва ги критикуваше санкциите воведени од Западот против претседателот Владимир Путин и шефот на дипломатијата, Сергеј Лавров, оценувајќи ги како слаби, јави ДПА.

-Ова е пример за апсолутната слабост на надворешната политика, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова на државната телевизија.

22:17 – Руското Министерство за одбрана предлага пет начини за завршување на војната

Руското Министерство за одбрана вечерва ги претстави своите погледи или петте начини за решавање на ситуацијата во Украина.

21:57 – Словачка регистрира повеќе од 7.000 преминувања на границата од Украина

Словачкото Министерство за внатрешни работи денеска информира дека од средата до денеска 7.490 украински државјани ја минале границата, што е пет пати поголем проток на луѓе од редовниот број на премини, околу 1.400 дневно.

21:01 – САД: Преговори Киев-Москва не се можни додека трае руската воена агресија во Украина

САД сметаат дека нема шанси за дипломатија додека се води воена агресија, се лансират ракети, има тенкови на улиците и се убива, соопшти денеска Нед Прајс, портпарол на Стејт департментот

20:39 – Евросонг ја исклучи Русија од фестивалот

На Русија нема да и биде дозволено да учествува на годинешниот музички натпревар Евросонг, соопштија организаторите на настанот ЕБУ.

Организаторите на настанот, сметаат дека учеството на Русија може да му донесе лоша репутација на фестивалот, поради кризата со Украина.

19:31 – Би-би-си: На улиците на Киев вооружени цивили во очекување на руските трупи

На контролните пунктови во Киев може да се видат мажи во тренерки и фармерки со пушки на грб, а млади доброволци кои лежат на земја зад противтенковски оружја се скриени меѓу дрвјата покрај патот, јавува репортерот на Би-Би-Си од главниот град на Украина.

19:19 –  Украина обвинува дека Русите не ги почитуваат безбедносните протоколи во Чернобил и светот го доведуваат во опасност

„Руските окупатори веќе втор ден го држат персоналот на нуклеарната централа во Чернобил, не дозволувајќи им да ротираат како што налагаат прописите за техничка безбедност“, ја пренесува Скај њуз изјавата на украинското Министерство за енергетика.

19:06 – Зеленски објави снимка на Твитер за да покаже дека не побегнал од Киев

„Тука сме, во Киев сме. Ја браниме Украина“, изјави украинскиот претседател Владимир Зеленски, во видео порака во која е прикажан во друштво на своите соработници, пред зградата на украинското претседателството.

18:47 – Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

Русија денеска презеде мерки за делумно ограничување на пристапот до Фејсбук, соопшти руското регулаторно тело за комуникации, информации, технологија и масовни медиуми – Роскомнадзор.

Во соопштението на регулаторот се наведува дека „Генералното обвинителство, во договор со Министерството за надворешни работи, одлучило да ја прогласи социјалната мрежа Фејсбук за вмешана во кршење на основните човекови права и слободи, како и правата и слободите на руските граѓани“, пренесоа руските медиуми.

18:42 – УНХЦР: За 48 часа над 50 илјади украински бегалци ја напуштија земјата

Повеќе од 50.000 украински бегалци ја напуштија земјата за помалку од 48 часа, изјави високиот комесар за бегалци при ОН, Филипо Гранди, додавајќи дека повеќето отишле во Полска и Молдавија, пренесува Си-ен-ен.

„Повеќе од 50.000 украински бегалци ја напуштија земјата за помалку од 48 часа, повеќето од нив во Полска и Молдавија, а многумина се движат кон границите. Од срце им благодарам на владите и народите на земјите кои ги отворија границите и ги пречекуваат бегалците“, напиша Гранди на Твитер.

18:09 – Зеленски: Последен пат ме гледате жив

Украинскиот претседател Володимир Зеленски наводно на европските лидери во текот на синоќешниот разговор им рекол дека „ова е можеби последен пат да ме гледате жив“.

17:12 – Украинците и денеска бегаат од Киев, во чии предградија се водат борби

Украинците, но и странците кои во моментов се наоѓаат во оваа земја, од вчераутро нападната од руската армија, и денеска масовно се обидуваат да ја напуштат. Огромни колони возила ги блокираа речиси сите излези од Киев.

17:09 – Борел поддржува санкции насочени кон Путин и Лавров

Шефот на дипломатијата на ЕУ Жозеп Борел изјави дека тој лично го поддржува санкционирањето на претседателот на Русија Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров поради воената интервенција во Украина.

16:49 – Ердоган: НАТО треба да биде порешителен во однос на Украина

НАТО би требало поодлучно да дејствува во однос на руската инвазија врз Украина, рече денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган пред медиумите во Истанбул на сличен начин испрати критики и до Европската унија поради „неделувањето“ и отстуството од демонстрација на „сериозен, конкретен став“.

16:43 – Путин ги повика украинските војници да ја земат власта од „наркоманите и неонацистите“ во Киев

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го повика воениот персонал на украинските вооружени сили да ја преземат власта во Киев во свои раце.

-Уште еднаш апелирам до воениот персонал на вооружените сили на Украина: не дозволувајте неонацистите да ги користат вашите деца, жени и постари лица како жив штит, преземете ја власта во свои раце. Се чини дека ќе ни биде полесно да се помириме со вас отколку со оваа банда на наркомани и неонацисти, кои се населиле во Киев и го зедоа како заложник целиот украински народ, рече рускиот претседател.

16:21 – Борел со порака до Русите: Путин не е рускиот народ

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел денеска директно на Твитер им се обрати на Русите, нагласувајќи дека „Путин не е рускиот народ“.

16:11 – Кремљ: Путин му потврди на кинескиот претседател Си дека Русија е подготвена да разговара со Украина

Рускиот претседател е подготвен да испрати делегација во Минск на преговори со претставници на Украина, соопшти денеска Кремљ по телефонскиот разговор на Владимир Путин со кинескиот претседател Си Џинпинг.

15:31 – Амбасадата на САД во Киев повторно ги повика Американците под итно да ја напуштат Украина

Американската Амбасада во Киев во безбедносното предупредување, што го издаде во текот на ноќта, повторно ги повика американските граѓани во Украина „веднаш да заминат доколку е безбедно да го сторат тоа користејќи каква било комерцијална или друга опција за приватен транспорт на земја“.

15:26 – Со солзи се бара Русија да ја запре војната: Разбудете се Европо, Путин убива деца

„Путин фашист!, Путин фашист!“, „Стопирајте ја војната во Украина“, „Путин убиец“, „Путин убива деца“. Со извикување на овие пароли по скопските улици, од плоштадот до Руската амбасада, се одржa протестот со кој се бара Русија да ја прекине војната против Украина.

 

15:08 Украинската армија соопшти дека убила над 1.000 руски војници

Украинските вооружени сили соопштија дека веќе убиле над 1.000 руски војници ангажирани во инвазијата врз земјата, а загубите се во размер што Русија никогаш досега не ги претрпела за така кратко време, јави ДПА.

14:56 – Асад: Руската инвазија на Украина е „корекција на историјата“

Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска во телефонски разговор со неговиот руски колега Владимир Путин ја оцени руската инвазија на Украина како „корекција на историјата“.

14:52 – Кличко: Киев влезе во фаза на одбрана

Тој додаде дека „непријателот сака да го фрли градот на колена и да го уништи“.

14:14 – Путин е подготвен за испрати делагација во Минск да преговара за „неутралноста“ на Украина

Украина претходно најави дека е подготвена за преговори, а Песков изјави дека демилитаризацијата е основен дел од условите за преговори.

13:57 – Османи: Киев е опколен, нема начин нашите дипломати да го напуштат

Се обидуваме да ги евакуираме. Јас имав неколку контакти со колеги и министри од регионот, има околу 20-ина амбасадори на ЕУ во Киев кои исто така не може да излезат. Правиме аранжмани, доколку која било од овие земји што имаат амбасади таму обезбеди прв транспорт, да можеме и нашите дипломати да ги извадиме до Полска вели Османи.

13:30 – ВИДЕО: Тажни сцени од границите, бран бегалци од Украина кон соседните земји

На вториот ден од руската инвазија на Украина во соседните земји веќе е регистириран првиот бран на бегалци. Граничните премини на украинската граница со Полска, Словачка, Унгарија и Романија веќе се пренатрупани, претежно со жени и деца кои чекаат да ја напуштат земјата, бидејќи Украина го ограничи преминот на мажи на возраст меѓу 18 и 60 години.

13:23 – Зеленски е подготвен на преговори со Путин

Да го запреме умирањето на луѓето рече Зеленски кој ги обвини западните лидери за неактивност.

12:13 – Лавров: Русија подготвена на преговори веднаш штом украинските сили го положат оружјето

Според Лавров, Русија одлучи да спроведе специјална воена операција за Украинците, „ослободени од угнетување на нацизмот, да можат слободно да одлучуваат за својата иднина“.

11:58 – Европската Унија подготвува нов бран санкции против Русија

Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, објави дека се подготвува нов бран санкции, откако Киев побара Европската унија посилно да ја присили Русија поради нејзината инвазија врз Украина.

11:54 – Талибанците повикуваат на прекин на војната во Украина: Загрижени сме за цивилите

Талибанската влада исто така ги повика страните во судирот да ги заштитат животите на авганистанските студенти и мигранти во Украина.

11:41 – Украина е подготвена за разговори со Русија за преземање неутрален статус кон НАТО

Украина сака мир и е подготвена да разговара со Русија околу прифаќањето на неутрален статус во однос на НАТО, вели за Ројтерс советникот на претседателот на Украина Михаило Подолјак.

11:38 – (ВИДЕО) Масакр на Змискиот остров: Русите им нудат на украинските војници да се предадат, е*ете се, одговараат Украинците

„Секој војник кој го чуваше Змискиот остров на Црното Море загина“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски и додаде дека постхумно ќе им оддаде почит на загинатите.

11:26 – Русија го напаѓа Киев од белорускиот аеродром Гомел

Генералштабот на украинската армија денеска соопшти дека Русија го користи аеродромот Гомел во Белорусија за да ги подготви своите војници за нападот на Киев, иако тие го контролираат аеродромот Гостомел во близина на главниот град на Украина.

11:18 – ВИДЕО: Украинците во колони чекаат ред да даруваат крв за потребите на војската

Украинската војска втор ден се обидува да го одбие нападот на руските сили.

11:02 – УЕФА му го одзеде на Санкт Петербург финалето во Лигата на шампионите

Европската асоцијација реши финалето да биде одиграно во Париз

10>59 – Украинските сили со повик до целото население да се вклучи во одбраната независно возраста

Украинските одбранбени сили ги повикаа сите цивили да се приклучат во одбрана, независно возраста.

10>37 – Украина соопшти за зголемено ниво на радијација од Чернобил

Зголемената радијација се припишува на „нарушување на горниот слој на почвата поради движењето на големо количество тешка воена опрема низ зоната на исклучување и испуштањето на контаминирана радиоактивна прашина во воздухот“.

10:24 – ВИДЕО: Руско оклопно возило прегази цивилен автомобил на улица во Киев

Видеа од инцидентот направиле локалните жители, а се објавени на социјалните мрежи.

10:10 – Русија може да ја заврши војната за пет дена проценуваат експерти

Руските вооружени сили можат да ја завршат операцијата за поддршка на Народните републики Луганск и Донецк за пет дена, сметаат руски експерти.

09:52 – Путин мора да разбере дека НАТО е исто така нуклеарен сојуз

Мислам дека Владимир Путин исто така мора да разбере дека Атлантската алијанса е нуклеарна алијанса. Нема да кажам повеќе за тоа, додаде тој како одговор на заканите на рускиот претседател за последиците од какво било надворешно мешање во руско-украинскиот конфликт вели Жан-Ив Ле Дриан.

09:26 – ВИДЕО: Русите влегоа во Киев, се водат борби на улиците

Се водат улични борби на 10 километри од центарот на Киев

09:02 – Украина: Околу 800 загинати руски војници од почетокот на воените дејствија

Ова го покажуваат податоците на украинското Министерство за одбрана, пренесени од Си Ен Ен. Сепак, американскиот медиум нагласува дека неговите извори не можат со сигурност да ја потврдат веродостојноста на податоците.

09:02 – Борби на украинската армија со руските сили во непосредна близина на Киев

Украинскиот министер за надворешни работи денеска објави дека Киев бил под „ужасни“ руски напади во текот на ноќта. „Последен пат нашиот главен град доживеа нешто слично во 1941 година, кога беше нападнат од нацистичка Германија

08:49 – Илјадници жители на Киев ноќта ја минаа во подземните метро станици

Обединетите нации проценија дека само во првииот дек од нападот, Украина ја напуштиле околу 100 илјади жители

08:43 – Трас: Нападот на Путин врз Украина е варварски и неоправдан

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас го критикуваше рускиот напад врз Украина оквалификувајќи го како „варварски“ и „неоправдан“ и ја повтори поддршката на нејзината земја за Киев.

07:45 – Зеленски: Украина ја браниме сами

Ние сами си ја браниме државата. Најмоќните сили во светот гледаат од далеку. Дали вчерашните санкции ја убедија Русија? Слушаме на нашето небо и слушаме во нашата земја дека тоа не е доволно, нагласи Зеленски.

07:42 – Руски тенкови се движат кон Киев, украинската армија урна мост

За да го спреччат рускиот конвој, укранските сили кренаа мост во воздух

07:22 – Нападнат Киев, се слушаат експлозии

Нападот над главниот украински град го потврди и претседателот Зеленски

07:09 – ВИДЕО: Украинците урнаа руски авион, се заби во зграда

По ударот на авионот, зградата се запалила

24/02/2022

23:48 – Пентагон: Русија сака да ја собори украинската Влада во Киев
Американската Влада верува дека Русија планира намера да ја собори Владата во Киев како дел од нејзиниот напад врз Украина.

23:45 – Украина им забрани на мажите од 18 до 60 години да ја напуштат земјата

Поради воената состојба, Украина им забрани на мажите на возраст од 18 до 60 години да ја напуштат земјата.

23:44 – Медиуми: Зеленски наредил општа мобилизација

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нареди општа мобилизација, јавија украински медиуми.

23:11 – Американски разузнавачи тврдат дека Русите ќе го заземат Киев за најмногу 96 часа

Тројца американски функционери за Њузвик изјавиле дека очекуваат украинскиот главен град Киев да падне во рацете на руските сили во рок од максимум 96 часа и оти отпорот на земјата брзо потоа ќе биде ефективно неутрализиран.

22:35 – Украина: Русија најверојатно зазела стратешки важен остров во Црното Море

Според Украина, руски војници можеби го зазеле Змискиот остров во Црното Море, пренесе ДПА.

20:59 – Русија се обидува да распореди „преголеми воени сили“ околу Киев, тврди западен разузнувач

Русија се обидува да напредува со големи воени сили кон главниот град на Украина, Киев, додека Москва се обидува да ја притисне својата офанзива подлабоко во својот сосед, изјави висок западен разузнавач за американски медиуми.

19:52 – (ВИДЕО) Украинка нападна руски војник: Вие сте окупатори

Руски војници влегле во украинскиот град Геническ, објави фотографот Алексеј Кириленко на Твитер.

19:22 Русија: Подготвени сме за преговори за предавање на Украина, ова се нашите барања

Москва е подготвена за преговори за предавање на Украина, изјави денеска портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.

19:02 – Советник на Зеленски: Руските сили ја зазедоа централата Чернобил

Руските сили ја презедоа контролата врз нуклеарната централа во Чернобил, изјави советник од украинскиот претседателски кабинет.

18:32 – Зеленски: Русите го заземаа воениот аеродром во близина на Киев

Русите го заземаа воениот аеродром Гостомел, кој се наоѓа на околу 40 километри од Киев, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, ветувајќи им дека ќе им биде вратен Украинците.

18:28 – ВИДЕО: Ситуацијата во градовите низ Украина

Украинците во паника го напуштаат Киев, колони со возила до недоглед излегуваат од градот, по рускиот напад кој се случи денеска.

17:20 – Во Киев воведен полициски час

Киев воведе полициски час, со траење од 22 часот до 7 часот наутро.

17:02 – ВИДЕО: Украински пилот избега во Романија со Сухој-27, снимен моментот на слетување

Рано утрово, веднаш по почетокот на руската инвазија на Украина во околината на Одеса, борбен авион Су-27 полета за Романија од блискиот воен аеродром.

16:40 – Лавров тврди дека Русија секогаш е подготвена за дијалог

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија секогаш ќе биде подготвена за дијалог.

16:28 – Според Захарова ова не било почеток, туку крај на војната

Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, за руската државна телевизија изјави дека нападот на Украина утринава „не е почеток, туку крај на војната“.

16:24 – Герашченко: Русите влегоа во Чернобил, можно е оштетување на складот за нуклеарен отпад

Советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Черашченко, попладнево изјави дека руските сили влегле во областа Чернобил.

15:37 – Москва: Русија онеспособи 74 копнени воени објекти во Украина

Русија онеспособи 74 копнени воени инфраструктурни објекти во Украина, изјави денеска портпаролот на Министерството за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.

15:33 – Си-ен-ен: Русите го зазедоа аеродромот „Антонов“ кај Киев

Новинарите на Си-Ен-Ен јавија дека руските сили го зазеле аеродромот „Антонов“, што се наоѓа на 20 километри од Киев.

14:59 – ВИДЕО: Колони бегалци на украинско-словачката граница

Словачка ќе испрати дополнителни војници на границата со Украина, соопшти министерот за одбрана Јарослав Над, истовремено нагласувајќи дека нема непосредна воена закана за Словачка.

14:34 – Во воздушен напад во близина на Одеса загинаа 18 луѓе објавија локалните власти

Најмалку 18 лица загинаа во воздушен напад врз воена база во близина на пристанишниот град Одеса на Црното Море во Украина, соопшти локалната администрација.

14:24 – Украински воен авион со 14 патници се урна во близина на Киев

Украински воен авион со 14 лица денеска се урна јужно од Киев, соопшти службата за итни случаи.

14:12 – ВИДЕО: Руските трупи се пробија во регионот Киев

Руските сили се пробија во северниот дел на регионот Киев, соопштија украинските погранични сили, извршувајќи напад со проектили „Град“ врз владините позиции.

13:43 – Се огласи Кремљ: Операцијата во Украина ќе трае колку што е потребно

Кремљ денеска соопшти дека воената операција против Украина ќе трае онолку колку што е потребно, во зависност од нејзините „резултати“ и нејзиното „оправдување“, и додава дека Русите го поддржуваат нападот.

13:19 – Столтенберг: Руската инвазија во Украина ќе создаде „нова Европа“

Европа се соочува со нова безбедносна реалност по руската инвазија на Украина, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, потврдувајќи ја одлуката на Алијансата да ги активира одбранбените планови во Источна Европа.

13:11 – ВИДЕО: Снимка од нападот на воениот аеродром во близина на Киев

Украинските власти потврдија дека е нападнат воениот аеродром во близина на Киев. Нападот го извршуваат руските сили со хеликоптери.

11:43 – Украина: Загинати повеќе од 40 украински војници и најмалку 10 цивили

Повеќе од 40 украински војници и околу 10 цивили загинаа во првите часови од руската инвазија на Украина…

11:07 – Земјите кои се граничат со Украина воведуваат вонредна состојба, доаѓаат десетици илјади бегалци

Молдавија и Литванија денеска прогласуваат вонредна состојба поради ситуацијата во соседна Украина.

10:09 – Зеленски нареди војската да „нанесе максимални загуби на агресорот“

Командантот на украинската армија денеска изјави дека добил наредба од претседателот Володимир Зеленски да возврати на руската инвазија на неговата земја.

09:59 – Лукашенко тврди дека белоруската армија не учествува во руската инвазија врз Украина

„Нашите вооружени сили не учествуваат во оваа операција“, рече Лукашенко.

09:32 – Путин е Хитлер на модерната ера вели поранешниот украински претседател Порошенко

Денеска е трагичен ден, но Украина ќе победи вели поранешниот претседател на државата Петро Порошенко.

09:24 – Фон дер Лајен: Путин ја враќа Европа во војна

Европската Комисија денеска на лидерите на ЕУ ќе им го презентира новиот пакет санкции против рускиот режим со цел да се ослабне економскиот темел на Русија.

09:17 – ВИДЕО: Руските трупи влегуваат во Украина и преку Крим

Руската војска навлегува во Украина и преку Крим, покажува видео што го објавија украинските гранични служби.

09:14 – Украина побара од Анкара да ги затвори Босфор и Дарданели за руските бродови

Украина побара од Анкара да го ограничи минувањето на руските воени бродови низ Босфор и Дарданели.

08:43 – Русија тврди дека ја уништила инфраструктурата на украинските воени бази

Руското Министерство за одбрана, цитирано од руската новинска агенција Интерфакс, соопшти дека „воздушната одбрана на украинските вооружени сили е потисната“, пренесува Би-Би-Си.

08:39 – ВИДЕО: Се празни Киев, колони возила го напуштаат градот

Огромен број луѓе го напуштаат Киев. Сирени постојано се слушаат во главниот украински град, а излезите се блокирани.

08:02 – (ВИДЕО) Путин предупреди никој да не се меша: „Одговорот на Русија ќе биде итен“

Рускиот претседател Владимир Путин рано утринава во специјалното обраќање ги предупреди сите оние кои евентуално би можеле да се мешаат во ситуацијата во Украина да не го прават тоа.

08:00 – ВИДЕО: Тенкови од Белорусија влегуваат на украинска територија

Си-ен-ен објави видео според кое како што тврди медиумот се гледа дека тенкови влегуваат во Украина од белоруска територија.

07:52 – Киев: Соборивме пет руски авиони и хеликоптер

Украинската војска денеска потврди дека соборила пет руски авиони и хеликоптер на истокот од земјата во близина на енклава под контрола на бунтовниците.

07:31 – ВИДЕО: Први снимки од нападот на Украина

Објавени се првите снимки од рускиот напад на Украина.

07:24 – ВИДЕО: Зеленски соопшти дека е воведена воена состојба и ги повика луѓето во Украина да останат смирени

Украинскиот претседател Володомир Зеленски вонредно обраќање рече дека во цела Украина е воведена вонредна состојба и ги повика граѓаните да останат смирени.

07:16 – Украинска војска објави дека воздухопловните сили го одбиле рускиот воздушен напад

Украинските вооружени сили објавија соопштение во кое се вели дека руската војска започнала „интензивно гранатирање“ кон нивните единици на истокот на земјата.

07:13 – Во нападот на Украина се приклучи и Белорусија

Украинскиот претседател Зеленски ги потврди извештаите за ракетни напади во земјата.

07:10 – ВИДЕО: Сирени се слушаат во Киев, жителите бегаат во подземите метро станици

Жителите на градот се повлекуваат во подземата железница за да се засолната откако Русија го почна нападот на Украина некаде околу 4 часот утрово по македонско време.

07:07 – Кулеба: Целта на руските напади е уништување на украинската држава и окупација

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба денеска оцени дека целта на руските напади е „уништување на украинската држава, окупација на украинска територија и воспоставување окупациска контрола“.

07:01 – Украина: Пристигнуваат и војници од Белорусија

Локалните медиуми цитираат украински официјални лица дека војници во Белорусија се приклучуваат на рускиот напад, што значи дека офанзивата сега доаѓа и од северот на Украина, јави Би-Би-Си.

06:56 – Експлозии се слушаат во седум украински градови, се случува тотална инвазија

Според Си-Ен-Ен, експлозии се слушнале во седум украински градови: Киев, Харков, Краматорск, Днипро, Мариупол, Одеса и Запорожје.

06:56 – Бајден: Путин избра да води војна со умисла која ќе донесе катастрофални човечки загуби

Претседателот на САД Џо Бајден го осуди „неиспровоцираниот и неоправдан напад“ на Украина од страна на руските воени сили.

06:48 – Столтенгерг: Ова е немилосрден напад

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг го осуди, како што рече, непромислениот напад врз Украина.

06:40 – ВИДЕО: Путин нареди напад , руската војска влезе во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин среде ноќ во вонредно телевизиско обраќање објави дека Русија започнува воена операција во Украина.

Путин го најави нападот врз Украина за време на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород