Велика Британија и Украина: Русија треба да биде целосно изолирана

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон и украинскиот претседател Володимир Зеленски се согласија за време на телефонски разговор денеска дека светот треба да ја изолира Русија „целосно дипломатски и финансиски“, соопшти Даунинг стрит.

„Премиерот вечерва разговараше со украинскиот претседател Зеленски. Лидерите се согласија за потребата меѓународната заедница целосно да ја изолира Русија – дипломатски и финансиски“, се вели во соопштението од кабинетот на Џонсон.

Главната опозициска партија во Велика Британија претходно, го повика премиерот да го протера рускиот амбасадор.
Дејвид Лами, пратеник на Лабуристичката партија, во изјава за Индепендент, нагласи дека амбасадорот на Русија во Лондон, Андреј Келин треба да биде протеран.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Британците признаа: Испративме потенцијално смртоносна опрема во Украина

Руски медиуми: Украинците лажат дека напредуваат, тоа не одговара на реалноста

Полска се премисли: Варшава ќе испрати тешко оружје во Украина

Песков: Русија е подготвена на сите закани од Полска, таа е агресивна земја

Украина: Напад во регионот на Доњецк, повредени 16 лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голема експлозија во Севастопол: Погоден е штабот на Црноморската флота

Горан Наумовски