Русија тврди: Блокиравме уште два града, украинските војници во Харков ни се предадоа

Од:

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили целосно ги блокирале градовите Херсон и Бердјанск во јужна Украина.

Портпаролот на Министерството, Конашенков, исто така, тврди дека Геническ и аеродромот Чернобаевка во близина на Херсон се исто така под руска контрола.

Си-ен-ен додава дека во моментов немаат потврда за оваа информација, но дека Херсон е центар на тешки борби во последните денови, а кога тимот на Си-ен-ен пристигнал во градот во четвртокот вечерта, руските тенкови веќе биле на улиците.

Русите исто така тврдат, а Си-ен-ен пишува дека нема докази за тоа, дека украинските војници се предале во Харков и дека биле заробени 471 војник. Според Русија тие се членови на противвоздушниот ракетен полк.

Руската државна телевизија често прикажуваше снимки од заробени украински војници, од кои некои беа прикажани како потпишуваат документи со кои ветуваат прекин на непријателствата.

Би можело да ве интересира

Украинска армија: Нема да објавиме почеток на контраофанзивата

Ана Ололовска

Зеленски: Од почетокот на војната загинаа најмалку 500 деца

Ана Ололовска

Две ракети погодија воен аеродром во централна Украина

Ана Ололовска

Девет беспилотни летала лансирани на Крим

Ана Ололовска

Системите за противвоздушна одбрана вклучени во одбивањето воздушни напади во Киев

Ана Ололовска

Експлозија кај Днепар, има повредени, меѓу нив и деца

Ана Ололовска