Американски разузнавачи тврдат дека Русите ќе го заземат Киев за најмногу 96 часа

Од:

Тројца американски функционери за Њузви к изјавиле дека очекуваат украинскиот главен град Киев да падне во рацете на руските сили во рок од максимум 96 часа и оти отпорот на земјата брзо потоа ќе биде ефективно неутрализиран.

Официјалните лица, кои побарале да останат анонимни, рекле дека фокусот на Москва ќе биде да ги опколи украинските сили. Се очекува Киев да биде заземен во рок од 96 часа, а потоа и раководството на Украина за околу една недела.

– Војската можеби ќе издржи уште неколку дена, но и таа нема многу шанси, рече еден функционер, додавајќи дека Русија наскоро ќе премине на посеопфатни копнени операции.

Извор близок до владата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој исто така побарал да остане анонимен, се согласил со проценката на САД дека Киев може да биде опколен во рок од 96 часа.

Во меѓувреме, и други светски агенции јавија дека руските сили напредуваат кон главниот град на Украина.

Михаило Подољак, советник на шефот на кабинетот на украинскиот претседател, рече дека „Кабинетот на Зеленски смета оти Руската Федерација има две тактички цели – да заземе територија и да го нападне легитимното политичко раководство на Украина за да шири хаос и да инсталира марионетска влада за да потпише мировен договор за билатералните односи со Русија“.

– Непријателот се обидува да ја дестабилизира ситуацијата во големите градови, особено во Харков и Киев. Постои можност руските вооружени сили да ги окупираат владините квартови, додаде тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Уапсен актер откако силувал и малтретирал девојка: Му се заканува доживотен затвор

ВИДЕО: Олуите и торнадата во САД однесоа 23 жртви, 300 илјади луѓе без струја

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Ројтерс: Путин е подготвен да стави крај на војната во Украина, но има услов за тоа

Загриженост во Киев: Русија најде решение за моќното оружје на Украина

Горан Наумовски

Двајца цивили загинаа во украинскиот ракетен напад на Крим