ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Од:

Неодамнешниот извештај на Центарот за истражување на енергија и чист воздух (CREA) и Центарот за проучување на демократијата (CSD) открива дека Европската Унија (ЕУ) увезла нафтени деривати во вредност од три милијарди евра од турските пристаништа кои главно извезуваат руска нафта – пристаништа кои немаат хабови за обработка, пренесува Oilprajs.com.

Оваа трговија ефективно ги заобиколи санкциите на Европската Унија и земјите од Г7 за руските нафтени производи.

Од спроведувањето на забраната за нафтени деривати во февруари 2023 година до крајот на февруари 2024 година, ЕУ од турските пристаништа набавила 5,16 милиони тони нафтени деривати во вредност од 3,1 милијарди евра. Овие пристаништа, без можности за рафинирање, увезуваа 86 отсто од своите нафтени продукти од Русија во овој период, што ја прави Турција значаен центар за повторен извоз. Со постојан раст во последните години, Турција стана најголемиот глобален купувач на руски нафтени деривати во 2023 година, увезувајќи 18 отсто од вкупниот руски извоз.

Ова потпирање се зголеми од 52 отсто во 2022 година на 72 отсто минатата година, што укажува на продлабочување на зависноста од руските рафинирани производи како што се дизелот, бензинот и авионското гориво.

Наведен е примерот на нафтениот терминал Торос Чејхан, кој доби 26.923 тони бензин од Новоросија во мај 2023 година, а подоцна испорача слична количина на грчката рафинерија во Коринт.

Би можело да ве интересира

Ликвидирани се киднаперите од истражниот затвор во Ростов на Дон

Заложничка драма во истражниот затвор во Ростовската област

Горан Наумовски

САД и Јужна Кореја загрижени за посетата на Путин на Северна Кореја

Истражување: 89 отсто од Русите би поддржале криминализација на семејното насилство

Руско-израелски новинар доби забрана за влез во Србија: „Ми дадоа документ дека сум безбедносен ризик“

A1on

„Во каса остана само банкнота од 100 долари“: Москва Тајмс тврди известува за недостиг на девизи во банките во Русијa

A1on