Путин ги повика украинските војници да ја земат власта од „наркоманите и неонацистите“ во Киев

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го повика воениот персонал на украинските вооружени сили да ја преземат власта во Киев во свои раце.

Тој изјавата ја даде на итниот состанок на рускиот Совет за национална безбедност.

-Уште еднаш апелирам до воениот персонал на вооружените сили на Украина: не дозволувајте неонацистите да ги користат вашите деца, жени и постари лица како жив штит, преземете ја власта во свои раце. Се чини дека ќе ни биде полесно да се помириме со вас отколку со оваа банда на наркомани и неонацисти, кои се населиле во Киев и го зедоа како заложник целиот украински народ, рече рускиот претседател.

Путин кажа и дека руските офицери во Украина „се однесуваат храбро, професионално и херојски“, пренесоа руските медиуми.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Путин: Раиси беше вистински пријател на Русија

Почна средбата меѓу Путин и Си во Пекинг, по што ќе следи дискусија со учество на делегации

Горан Наумовски

Путин за атентатот на Фицo: Ова монструозно злосторство нема оправдување

Горан Наумовски

Путин потпиша указ за состав на новата влада на Руската Федерација

Путин одлучи: Бортников е нов директор на Федералната служба за безбедност на Русија

Путин оди во посета на Кина