Залужни: Украинската армија собори руски воен транспортен авион „Ил-76“ со падобранци во него

Од:

Украинските вооружени сили синоќа соопштија дека собориле руски воен транспортен авион „Иљушин Ил-76“, јави ДПА.

Во авионот имало руски падобранци, соопшти на Твитер началникот на Генералштабот на украинската војска, Валериј Залужни.

Залужни кажа дека местото на несреќата е кај градот Василкив, јужно од главниот град Киев. Меѓутоа, оваа информација не можеше да се потврди од независен извор.

Командата на украинските воздухопловни сили соопшти дека руската армија се обидува да исфрли падобранци во Василкив и дека во ова место се водат тешки борби, како впрочем и на повеќе други места низ Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украина објави дека собори руски дрон

Путин нареди засилени безбедносни мерки на руската граница

Русија: Ни избегаа седум војници, еден е убиен кога сакаше да се предаде

Горан Наумовски

Шефот на Вагнер му се заканува на Кремљ: Ќе добие шлаканица од народот

Рускиот амбасадор во Британија: Русија сè уште не почнала сериозно да војува во Украина

Русија уништи неколку беспилотни летала кои се упатија кон нафтена рафинерија, соопштија властите

Горан Наумовски