ВИДЕО: Руски трупи навлегоа во Харков

Од:

Украинските сили денеска се бореле со руските војници на улиците на североисточниот украински град Харков, изјави регионалниот гувернер Олех Синегубов.

„Воени возила на рускиот непријател упаднаа во Харков, вклучувајќи го и центарот на градот“, рече Синегубов.

„Вооружените сили на Украина го уништуваат непријателот. Ги замолуваме цивилите да не излегуваат“.

На видеата објавени од Антон Херашченко, советник на министерот за внатрешни работи, и Украинската Државна служба за специјални комуникации и заштита на информации, се гледаат неколку воени возила кои се движат по улица и, одделно, запален тенк.

„Ситуацијата во Киев е мирна, главниот град е целосно е под контрола на украинската армија и одбранбените сили“, рече Микола Поворозник, првиот заменик-шеф на градската државна управа на Киев, во изјава објавена непосредно пред 7 часот по локално време.

Русија претрпе значителни загуби во четвртиот ден од војната против Украина, при што Украинските одбранбени сили соопштија дека во текот на вчерашниот ден собориле 18 хеликоптери, 16 авиони, 102 тенкови, 540 борбени возила, еден ракетен систем Бук.

Украина соопшти дека Русија загубила 3.000 воен персонал.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски побара помош од САД против рускиот „воздушен терор“

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Кулеба го повика Западот да испрати системи за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина

Горан Наумовски

Зеленски го разреши секретарот на Советот за национална безбедност

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам