Принцот Вилијам и Кејт изразија поддршка за Украина

Од:

Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт на Твитер објавија дека стојат покрај украинскиот народ „кој храбро се бори за својата иднина“.

„Во октомври 2020 година, имавме чест да се сретнеме со претседателот и првата дама на Украина кои ги споделија со нас нивните надежи и оптимизам за иднината на нивната земја. А, денес стоиме покрај претседателот на Украина и неговиот народ додека храбро се борат за таа иднина“, напишаа Вилијам и Кејт на Твитер.

Членовите на британското кралско семејство ретко коментираат политички настани во јавноста и генерално не ги искажуваат своите ставови за важни политички прашања, во согласност со правилата кои бараат од нив да имаат неутралност.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кејт Мидлтон блескаше како полковник на ирската гарда, а принцот Вилијам призна: „Повторно нема да можам да пијам половина литар пиво“

Чарлс и Вилијам немаат коментар за книгата на Хари

ВИДЕО: Жена од Северна Ирска и се обрати на Кејт Мидлтон: Оди си во својата земја, Ирска им припаѓа на Ирците

А1он

(ВИДЕО) Кејт Мидлтон ги откри потресните зборови на принцот Луис по смртта на кралицата

Принцот Вилијам објави емотивно обраќање за кралицата

Кејт Мидлтон прва принцеза од Велс после покојната Дијана

Горан Наумовски