Украинскиот министер за одбрана: Каде се сега оние кои тврдеа дека е лесно да се освои Киев?

Од:

Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников во долга објава на Фејсбук ги пофали војниците, полицајците, медицинскиот персонал, но и цивилите кои земале оружје и тргнале во битка.

„Погледнете околу себе. Многумина конечно го надминаа стравот и се осмелија да го предизвикаат Кремљ“, напиша Резников.

„Каде се сите оние кои ветија дека ќе го освојат Киев за 72 часа? Не ги гледам“, додаде тој.

Тој рече дека иако предизвиците остануваат, луѓето ширум светот внимателно следат и дека „сега е на пат помошта што беше невозможна пред три дена“.

„Без оваа армија и нашиот народ, Европа никогаш нема да биде безбедна. Без нас, Европа едноставно нема да постои“, заклучи тој.

„72 часа отпор! Светот не веруваше. Светот се сомневаше. Но, ние не застанавме туку самоуверено продолжуваме да се бориме против рускиот окупатор! Му покажавме на светот – не плашете се од Русија, бидете силни и отфрлете ја! Поддршката за Украина мора да биде посилна! Вашата безбедност зависи од нас!“, напиша тој на Твитер.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Украина користи балистички ракети со долг дострел кои тајно ѝ биле обезбедени од САД

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Во рускиот напад на регионот Черкаси повредени се шест лица