САД: Преговори Киев-Москва не се можни додека трае руската воена агресија во Украина

Од:

САД сметаат дека нема шанси за дипломатија додека се води воена агресија, се лансират ракети, има тенкови на улиците и се убива, соопшти денеска Нед Прајс, портпарол на Стејт департментот

Укажа на скептицизам во однос на денешната порака на Москва за преговори со украинското раководство.

-Ако претседателот (Владимир) Путин е сериозен за преговори, треба да запре веднаш со агресијата, да ја деескалира ситуацијата и да ја врати назад војската, изјави Прајс на денешниот брифинг за новинарите.

Рече дека не е прашање местото каде би се одржале такви преговори, туку условите во кои тие се побарани.

Украинскиот претседател Володомир Зеленски го прифати повикот но побара евентуални преговори да се одржат во Варшава, а не во Минск како што бараат од Кремљ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он