Мишел: ЕУ ќе ја олесни испораката на воена помош за Украина

Од:

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел вечерва најави дека ЕУ ќе и помогне на Украина и во одбраната.

„Ќе ја олесниме испораката на воена помош за Украина. Демократска Украина ќе победи“, напиша Мишел на својот Твитер профил.

Мишел го ретвитна претходниот твит на министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел, кој за утре во 18 часот закажа виртуелен состанок на Советот на министри на ЕУ, на кој треба да се одлучи за итен пакет европска помош за воените сили на Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пентагон: Украина стана воена лабораторија

Украина: Русите го гранатираа Херсон, загина две лица

Експлозија во рускиот град Тула, илјадници луѓе без струја

Зеленски со американските сенатори: „Ако не добиеме помош – ќе ја изгубиме војната“

Воздушна опасност низ Украина

Киев сака Грипен од Шведска и Ф-35 од САД