Словачка регистрира повеќе од 7.000 преминувања на границата од Украина

Од:

Само во првиот ден од руската инвазија врз Украина соседна Словачка регистрирала повеќе од 7.000 гранични преминувања од украинска страна, јави ДПА.

Словачкото Министерство за внатрешни работи денеска информира дека од средата до денеска 7.490 украински државјани ја минале границата, што е пет пати поголем проток на луѓе од редовниот број на премини, околу 1.400 дневно.

Од сите што ја минале границата само 14 лица официјално поднеле барање за азил, соопшти Министерството, а тие биле сместени во бегалскиот камп Хумен во близина на границата.

Словачкиот конзервативен премиер Едуард Хегер, заедно со министерот за внатрешни работи Роман Микулец, денеска беше на граничниот премин „Вишне Немецке“ од каде истакна дека неговата земја е подготвена да им помогне на бегалците.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски

Четири лица загинаа во рускиот напад на Одеса, меѓу кои и 10-годишно девојче

Три лица, меѓу кои две деца, загинаа во напад со дрон во областа Курск

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни