Пентагон: Русија сака да ја собори украинската Влада во Киев

Од:

Американската Влада верува дека Русија планира намера да ја собори Владата во Киев како дел од нејзиниот напад врз Украина.

– Наша проценка е дека (руските сили) имаат секаква намера во основа, да ја обезглават Владата и да инсталираат сопствен метод на управување, што би ги објаснило овие рани потези кон Киев, изјави денеска висок претставник на американското Министерство за одбрана, според транскрипт од Пентагон.

Како што пренесе ДПА, украинската војска дава отпор на руските војници, се додава во соопштението.

Борби се водат во радиус од околу 30 километри од главниот град на Украина Киев и околу главниот источен град Харков, недалеку од руската граница, меѓу другите места, рекол претставникот.

Воените дејствија на руските трупи очигледно се насочени кон освојување на клучни населени центри, додал тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов