Белорусија на референдум, Лукашенко сака Русите да им дадат нуклеарни бомби

Од:

Белорусија одржа референдум за усвојување на нов устав со кој ќе се смени статусот за нуклеарното оружје и ќе се овозможи негово стационирање на нејзина територија, во време кога државата стана појдовна точка за руските напади врз Украина.

Сосема извесно е дека ќе се гласа и за откажување од претходниот статус на Белорусија како земја без нуклеарно оружје, со оглед на тоа што референдумот се одржува под строга контрола на претседателот Александар Лукашенко.

Така, за прв пат откако Белорусија се откажа од нуклеарното оружје по падот на Советскиот Сојуз, тоа повторно би можело да се најде на нејзина територија.

Обраќајќи се од гласачкото место, Лукашенко рече дека може да побара од Русија да и го врати нуклеарното оружје на Белорусија.

„Ако вие (Западот) пренесете нуклеарно оружје во Полска или Литванија, до нашите граници, тогаш ќе побарам од Путин да го врати нуклеарното оружје од кое безусловно се откажав“, рече Лукашенко.

Би можело да ве интересира

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем руски напад на критична инфракструктура во Украина

Холандски војник загина во Украина

Предраг Петровиќ

Медведев: Русија не блефира, се заканува најлошто можно сценарио

Шолц попушти: Украина може да користи оружје од Германија на руска територија

Катерина Ѓуровски

Бајден и дозволи на Украина ограничено користење американско оружје за напади во Русија