Австрија ја осуди одлуката на Путин за нуклеарното оружје

Од:

Официјална Виена остро ја осуди одлуката на претседателот на Русија, Владимир Путин, да ги стави во состојба на специјална борбена готовност руските сили за одвраќање, меѓу кои е и нуклеарното оружје.

Шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг истакна дека Путин мора да знае дека овој пат „всушност води до крај“.

Тој потсети дека нуклеарното оружје води кон меѓусебно уништување.

Шаленберг оцени дека нема причина за таквата одлука на Русија.

Тој посочи дека Австрија отсекогаш се залагала за укинување на нуклеарното оружје, кое никогаш не смее да се употреби, бидејќи ќе почне нуклеарна светска војна.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем руски напад на критична инфракструктура во Украина

Холандски војник загина во Украина

Предраг Петровиќ

Медведев: Русија не блефира, се заканува најлошто можно сценарио

Шолц попушти: Украина може да користи оружје од Германија на руска територија

Катерина Ѓуровски

Бајден и дозволи на Украина ограничено користење американско оружје за напади во Русија