Германскиот канцелар Олаф Шолц пред Бундестагот ќе ја образложи одлуката за воена помош за Украина

Од:

Германскиот канцелар, Олаф Шолц, денеска ќе се обрати пред Парламентот во Берлин на која ќе ја образложи одлуката за директна испорака оружје за Украина, одлука што е промена во долгогодишната политика на Германија кога се работи за извоз на оружје.

Владата во Берлин синоќа се одлучи на пресврт во политиката на извоз на оружје, најавувајќи поддршка на украинските оружени сили со илјади противтенковски орудија и 500 рачни противавионски ракети од типот „Стингер“. Оружјето што веќе го поседува Бундесверот ќе биде испратено за Украина што е можно поскоро.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, веднаш ја поздрави одлуката на канцеларот Шолц.

„Руската инвазија на Украина означува пресвртница… што го загрозува целиот повоен поредок. Наша должност е да дадеме се од себе за да ја поддржиме Украина во нејзината одбрана од војската на Путин“, објави Шолц синоќа на твитер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украинска армија: Нема да објавиме почеток на контраофанзивата

Ана Ололовска

Зеленски: Од почетокот на војната загинаа најмалку 500 деца

Ана Ололовска

Две ракети погодија воен аеродром во централна Украина

Ана Ололовска

Девет беспилотни летала лансирани на Крим

Ана Ололовска

Системите за противвоздушна одбрана вклучени во одбивањето воздушни напади во Киев

Ана Ололовска

Експлозија кај Днепар, има повредени, меѓу нив и деца

Ана Ололовска