Трамп: Страшен напад врз Украина, немаше да се случи доколку нашите избори не беа наместени

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја осуди руската инвазија на Украина и рече дека се моли за Украинците, што е голема промена на тонот во споредба со почетокот на оваа недела кога го пофали рускиот претседател Владимир Путин. Трамп овие изјави ги дал на митинг на CPAC на Флорида, пренесува Ројтерс.

Во обраќањето на собирот, Трамп изрази емпатија за Украинците и го пофали украинскиот претседател Володимир Зеленски, нарекувајќи го „храбар“ бидејќи сè уште живее во главниот град Киев.

„Нападот на Русија врз Украина е страшен. Се молиме за гордиот народ на Украина. Господ да ги благослови сите. Како што сите разбираат, оваа страшна катастрофа никогаш немаше да се случи ако нашите избори не беа наместени и јас бев претседател. Јас сум единствениот американски Претседателот на 21 век за чие владеење Русија не нападнала друга земја“, рече тој.

Претходно оваа недела, Трамп ги опиша акциите на Путин во Украина како „генијални“ и „прилично паметни“.

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите