Украинците од Змискиот остров, кои наводно им рекле на Русите „е*ете се“, сепак се живи?

Од:

Бранителите на малиот украински остров во Црното Море можеби се уште се живи, се вели во соопштението објавено од Државната гранична стража на Украина (СБГСУ).

„Цврсто веруваме дека сите украински бранители на Змискиот остров можеби се живи“, се вели во соопштението.

И претседателот Зеленски и СБГСУ во петокот објавија дека сите војници биле убиени откако руските сили окупирале мал остров.

„Прелиминарните информации дека граничарите се мртви пристигнаа пред да изгубиме контакт со нив“, се вели во соопштението.

Рускиот генерал-мајор Игор Конашенков изјави во петокот дека 82 украински војници „го оставиле оружјето и доброволно се предале на единицата на руските вооружени сили“. Во соопштението на СБГСУ се додава дека „руските медиуми објавија дека украинските војници на островот биле испратени во Севастопол на Крим“.

Во петокот се појави аудио снимка од наводната комуникација меѓу командантите на руските и украинските сили на Змискиот остров.

На снимката прво се слуша припадник на руската армија:

„Ве повикувам од руски воен брод. Ви предлагам да го оставите оружјето, да се предадете и на тој начин да избегнете крвопролевање и непотребни жртви. Доколку не се согласувате, ќе ве бомбардираме“.

Украинците потоа одговараат кратко и јасно: „Руски брод е*и се“.

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски