Повторно одложено судењето за Мариглен Демири, следното рочиште закажано догодина
Во кривичниот суд во Скопје повторно беше одложено судењето за Мариглен Демири од шарената револуција. Причина се притворските предмети по кои постапува судијката Славица Андреевска.