Судот одреди 30 дневен притвор за активистката Ристеска

Од:

Активистката Моника Ристеска доби 30-дневен притвор, откако претходно беше изведена пред судија на претходна постапка. Таа е спроведена во затворот во Шуто Оризари. Судот ја прифати мерката за обезбедување присуство која ја побара Обвинителството. При вчерашниот претрес во нејзиниот дом, полицијата пронашла 30 мл. масло од канабис и 15 гр. канабис.

Вчера полицијата го пронашла нејзиното привремено живеалиште кога пред неколку месеци беше извршен претрес во домот на нејзините родители, адреса што е заведена како живеалиште по лична карта. Кривичното дело што ѝ се става на товар е продажба на наркотици. Ристеска во април беше приведена бидејќи на јавно место пушеше марихуана, а потоа беше пуштена.

Би можело да ве интересира

Осумдневен притвор за двајцата вработени на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“

Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од 1,1 милион евра

А1он

30 дена притвор за Марко Кричак и Бошко Секуловиќ

Обвинителството бара притвор за 20-годишник кој нападна дете од спротивната навивачка група пред „Јане Сандански“

Горан Наумовски

Триесет дена притвор за осомничените за убиствата во Хром и во Ѓорче Петров

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица