Окружниот суд во Бања Лука одреди едномесечен притвор за Насер Ориќ, Николина Шљивиќ и други лица уапсени за време на операцијата „Емисар“, дознава РТРС.
Се очекува судот официјално да ја објави одлуката на својата веб-страница.
За потсетување, денеска во Окружниот суд во Бања Лука, зад затворени врати, се одржа рочиште за одредување мерки притвор за Насер Ориќ и уште четири лица уапсени во операцијата „Емисар“. Тие се осомничени за прикривање и обид за фалсификување докази, како и за помагање во бегството на Ѓорѓе Ждрале – лице со повеќекратни претходни осуди, кое полицијата моментално го бара во врска со обид за тешко убиство што се случи во Источно Сараево на почетокот на август.
Републичкото јавно обвинителство побара притвор за сите петмина уапсени.
