Триесет дена притвор за осомничените за убиствата во Хром и во Ѓорче Петров

Од:

Продолжување на притворот за 30 дена на предлог на обвинителството добија четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во скопските населби Хром и Ѓорче Петров, информираат од Кривичниот суд. Притворот бил побаран за да се оневозможи уништување докази, попречување на истрагата, бегство…

Претходно на осомничените за убиствата на повозрасните лица во Ѓорче Петров на два пати им беше продолжуван притоворот по 48-часа, поради сомнение дека се поврзани со убиствата на две лица во нивните домови.

Обвинителството продолжува со истрагата за двата случаи и со прибирање докази. Во тек се и ДНК-вештачења, чии резултати треба да бидат дел од доказниот материјал.

Во врска со случаите беа приведени А.С. (22), Х.Е. (20) и К.А. (58), сите од Скопје, како и М.Р. (26) од Струмица. Полицијата ги поврза со двата настана.

Првиот случај беше откриен на 22 октомври во скопската населба Хром, каде што во својот дом беше пронајден починат 62-годишниот С.Ј., со траги од насилство.

Неколку дена подоцна, на 27 октомври, во куќа на улицата „Ѓурчин Кокале“ во Ѓорче Петров беше пронајдена почината и 76-годишната О.А., исто така со траги од насилство.

Би можело да ве интересира

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Се бара притвор за 20 годишник од тетовско – осомничен е за компјутерски криминал и дистрибуција на детска порнографија

А1он

Притвор и куќен притвор на двете вработени во АД „Државна лотарија“ за проневера на 1,3 милиони евра

А1он

Обвинителството бара нови мерки за Дејан Јованов – Кривичен утре ќе одлучува за притворот

А1он

Кратовец со нож прободе полицаец, ќе оди во притвор

А1он

Осум дена притвор за полицаец од Скопје кој присвои пари кои беа платени од граѓаните за сообраќаен прекршок