Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од 1,1 милион евра

Од:

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја укина мерката притвор за поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, првообвинет во предметот „Лотарија“, и прифати гаранција во недвижен имот во вредност од 1.140.781 евро.

Решението денеска стана правосилно откако надлежниот јавен обвинител и останатите странки во постапката се откажаа од правото на жалба.

Како што соопштија од Основниот кривичен суд Скопје, одлуката е донесена постапувајќи по предлог на одбраната поднесен на 14 октомври 2026 година.

– Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната на П.Б., првообвинет во предметот со К.бр.1494/26, познат во јавноста како „Лотарија“, поднесен на 14.10.2026 година за замена на мерката притвор со гаранција, донесе решение со кое предлогот го усвои, ја укина мерката притвор и прифати гаранција во износ од 1.140.781 евра, во недвижен имот – се наведува во соопштението на судот.

Покрај имотната гаранција, на Бајрами му се определени и дополнителни мерки за претпазливост за обезбедување негово присуство во понатамошниот тек на судскиот процес.

– Имајќи ги предвид сите околности, Советот ја прифати понудената гаранција, а со цел обезбедување на присуството на обвинетиот во текот на судската постапка, истовремено му определи и дополнителни мерки за претпазливост, и тоа: одземање на патната исправа и забрана за издавање нова исправа за преминување на државната граница, како и обврска за редовно јавување во Судот – информираат од Кривичен.

Од судот појаснуваат дека Основното јавно обвинителство Скопје на 13 август 2026 година поднело обвинителен предлог против Бајрами за кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, за кое е предвидена казна затвор до пет години.

Притворот му бил определен по пронаоѓањето и лишувањето од слобода, бидејќи претходно бил недостапен за органите на прогонот.

Согласно законските одредби од Законот за кривичната постапка, притворот за ова дело не може да трае подолго од 60 дена.

Обвинетиот на 9 септември 2026 година сам се пријавил на издржување на мерката во КПУ Затвор Скопје, со што максималниот законски рок за притвор истекуваше на 8 ноември 2026 година.

Бајрами ќе биде пуштен од КПУ Затвор Скопје веднаш по завршување на административната постапка за запишување на хипотеката врз понудениот имот во Катастарот на недвижности.

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за Марко Кричак и Бошко Секуловиќ

Обвинителството бара притвор за 20-годишник кој нападна дете од спротивната навивачка група пред „Јане Сандански“

Горан Наумовски

Триесет дена притвор за осомничените за убиствата во Хром и во Ѓорче Петров

Се бара притвор за 20 годишник од тетовско – осомничен е за компјутерски криминал и дистрибуција на детска порнографија

А1он

Сведок во случајот „Државна Лотарија“: ВЛТ апаратите никогаш не беа пуштени во употреба!

А1он

Притвор и куќен притвор на двете вработени во АД „Државна лотарија“ за проневера на 1,3 милиони евра

А1он