Победи за Реал и Барса

Од:

Барселона и Реал славеа победи во второто коло во Примера.

Барселона минимално славеше над Малага иако во текот на натпреварот имаше неколку одлични шанси за постигнување на гол. Бункерот на Малага го проби дефанзивецот Томас Вермален во 72.минута. Малага во последната минута имаше добра шанса за израмнување на резултатот, но напаѓачот Чарлс не успеа да го совлада Браво.

Реал без да прикаже некоја блескава игра го декласираше Бетис на „Сантијаго Бернабеу“. Серијата на голови ја отвори Бејл во втората минута, за голот на Велшанецот му асистираше Хамес Родригез. Колумбиецот го удвои водството на Реал со прекрасен гол од слободен удар во 39. минута.

Во второто полувреме, Бензема по центашутот на Бејл лесно го совлада Адан во 47.минута, а само две минути подцна Хамес Родригез со својот втор гол зголеми на 4:0.

Бетис имаше можност да го намали водството на противникот, но Кејлор Навас успеа да го одбрани пеналот кој го изведе Рубен Кастро.

Убедливата победа на Реал ја заокружи играчот кој ја отвори серијата на голови, Герет Бејл кој го матираше Адан во претпоследната минута од мечот и ги постави конечните 5:0.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ

Победи за Реал и Барса

Од:

Во шпанската Примера Дивизија се играат натпреварите од 32.коло во кое победи на домашен терен остварија водечките две екипи, Барселона и Реал Мадрид.

Лидерот Барселона со голот на Цеск Фабрегас во 84.минута го победи Леванте со 1:0, додека Реал Мадрид против Бетис славеше со 3:1.

На другите двe вчерашни средби: Гранада – Ваљадолид 1:1 и Валенсија – Малага 5:1.
Двојките за денеска се: Хетафе – Еспањол, Депортиво Ла Коруња – Атлетик Билбао, Осасуна – Сосиедад и Севиља – Атлетико Мадрид.

Колото утре ќе го комплетираат Селта Виго и Сарагоса.

Табела: Барселона 84 бод, Реал Мадрид 71, Атлетико Мадрид 65, Сосиедад 54, Валенсија 53, Малага 50, Бетис 48,…

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска