Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Од:

Фудбалерите на Борусија Дортмунд обезбедија учество на првото светско клупско првенство со 32 клуба, кое следната година ќе се одржи во САД.

Како што објави ФИФА на официјалниот сајт, клубот од Дортмунд обезбеди пласман на СП на клубови по елиминацијата на Лајпциг од Реал во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Борусија заедно со Баерн ќе биде вториот германски клуб на Светското првенство кое ќе се одржи од 15 јуни до 13 јули 2025 година во САД.

Пласман претходно обезбедија и Ал Хилал (Саудиска Арабија), Урава (Јапонија), Ал Ахли (Египет), Видад (Мароко), Монтереј и Леон (Мексико), Сиетл (САД), Палмеирас, Фламенго и Флуминенсе (Бразил), Окланд Сити (Нов Зеланд), Челзи и Манчестер Сити (Англија), Реал (Шпанија), Пари Сен Жермен (Франција), Интер (Италија), како и Порто и Бенфика (Португалија).

Останатите учесници ќе бидат два клуба од Азија, два клуба од Африка, еден клуб од САД, победникот на Лигата на шампионите во Северна и Централна Америка, победникот на Копа Либертадорес плус уште два клуба од Јужна Америка, по еден клуб од Шпанија и Италија, како и победникот во Лигата на шампионите.

Доколку клубот кој ќе ја освои Лигата на шампионите веќе обезбедил пласман на Мундијалот, неговото место ќе го пополни клубот кој не обезбеди пласман на Мундијалот и е најдобар на рангирањето на УЕФА во последните четири години.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна