Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Од:

Рајо Ваљекано, со Столе Димитиревски на голот, вечерва доживеа пораз на „Балаидос“ во Виго. Селта во рамките на 23.коло, славеше победа од 2:0. Стрелец на двата гола беше Браис Мендез.

dobivaj vesti na viber

Играчите на Рајо Ваљекано, во Виго, уште еднаш потврдија дека оваа сеозна не се опасни кога играат како гости. Рајо Ваљекано, од почетокот на сезоната има освоено 31 бод, од нив само пет освои надвор од својот стадион.

Рајо се во мини криза, последен пат во Ла Лига победија на 18.декември минатата година. На последните четири натпрвари, играчите на Андони Ираола имаат освоено само еден бод.

Селта по еден гол постигна во првото и второто полувреме. Браис Мендез во 12.минута со полу-волеј го совлада Димитриевски, а во 80.минута истиот играч постигна еден од најубавите голови сезонава во Ла Лига.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Павлова-Николовска

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Пресврт победи за Мајорка и Елче

Ана Ололовска