Пресврт победи за Мајорка и Елче

Од:

Мајорка ја прекина серијата од четири порази, а Елче со пресврт славеше против Алавес, во првите натпревари од 23.коло во Ла Лига.

Мајорка успеа да победи еден од конкурентите во борната за опстанок, Кадиз. Гостите подобро го отворија натпреварот и постигнаа гол во осмата минута преку Алкараз. Мајорка израмни од пенал, стрелец беше Севилја во 20.минута.

Најстрога казна беше досудена против Кадиз и во 66.минута. Муричи беше сигурен реализатор.

Мајорка е прва екипа во безбедната зона со 23 бода, пет повеќе од Кадиз кој се наоѓа на 18.место.

Зад Кадиз на табелата е Алавес. Екипата од Баскија, во Елче го запиша третиот пораз во низа. Алавес имаа предност со голот на Хоселу. Во второто полувреме пресвртот го направи Пере Миља кој постигна два гола. Победата од 3:1 ја потврди Фидел.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска