ВМРО-ДПМНЕ: Правото не познава „празно место“ за министри како што изјавува Ковачевски

Од:

ВМРО-ДПМНЕ повика да се укине техничката влада, меѓу другото, токму поради ваквите евтини трикови и надмудрувања кои беа очекувани од СДС и Ковачевски, но тој истото го одби, велат од ВМРО-ДПМНЕ откако премиерот Димитар Ковачевски најави можност министерските места на опозицијата да останат празни додека тие не ја поддржат техничката влада.

„Со цел да се постапи државнички и одговорно ВМРО-ДПМНЕ прифати да учествува во техничката влада, без да го гласа техничкиот премиер Џафери од ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ останува на истиот став, и имињата за министри и заменици, согласно законот ќе бидат предложени наредната недела. Останува на власта дали ќе одбере да го почитува законот, или истиот ќе го крши, што само ги открива и позадинските намери за загрозување на изборниот процес што е доказ за огромната доза на нервоза кај власта во заминување. Правото не познава предлози за министри, “празно место” како што изјавува Ковачевски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски пак, претходно повика ВМРО-ДПМНЕ да ја поддржи техничката влада, а доколку не го сторат тоа, нивните места во владата да останат празни се додека не гласаат „за“ владата која од 28 јануари треба да ја предводи собранискиот спикер Џафери.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот