Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Од:

Од 16 часот официјално започна собирањето потписи за поддршка на изборната листа „Александар Вучиќ – Обединета Србија“.

Собирањето потписи се одвива на повеќе локации низ Србија, каде што граѓаните се собираат за да ја дадат својата поддршка на иницијативата.

Во Белград, голем број граѓани денеска се собраа на Плоштадот Република за да ја поддржат иницијативата „Обединета Србија“.

Долги редици граѓани се формираа долж плоштадот и се протегаа сè до споменикот на кнез Михаило, додека голем интерес владееше и на самото место за потпишување.

Граѓани чекаат да дадат потпис и во Житиште, а гужви има и во Србобран.

Голем број граѓани се собраа и во Бор, Лебане, Нови Бановци, Кладово и Љубовија.

Во Сремска Митровица, салата била исполнета со граѓани кои дошле да ја поддржат иницијативата „Обединета Србија“. Редици се формирале и пред местата за потпишување.

Во Неготин, граѓани чекале пред просториите на Општинскиот одбор на Српската напредна партија за да го дадат својот потпис.

Собирањето потписи продолжува на повеќе локации низ Србија.

Би можело да ве интересира

„Ова го правам за граѓаните“: Вучиќ во Собранието пушти снимка од сопругата на „Веља Невоља“ за да се огради од него

Обвинителството бара притвор за шестмина осомничени поради закани кон Бранкица Станковиќ

Вучиќ: Сакав победа за вакви луѓе да не дојдат на власт; јас сум највиновен и историјата ќе ми суди за тоа

А1он

Кој е Александар Чупиќ: Претседател на Народното собрание и вршител на должноста претседател на Србија

Горан Наумовски

Студентска листа најави референдум за влезот на Србија во ЕУ

ВИДЕО: Загина пилот на Војската на Србија во пад на МиГ-29 кај Стара Пазова

Катерина Ѓуровски