СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

Од:

Колку точно чинел настапот на Дејвид Гета – неговиот хонорар, продукцискиот пакет, сцената, техниката, транспортот и меѓународниот тим. СДСМ бара веднаш да бидат објавени сите договори, анекси, фактури, банкарски исплати и даночни пресметки, како и целосната листа на приматели, изведувачи, добавувачи и приватни финансиери, изјави на прес-конференција на СДСМ, Маја Борозан, се вели во партиското соопштение.

Елитниот арамија Мицкоски ги излажа граѓаните дека прославата на независноста ќе чини „нула денари“. Сега сите знаат дека се потрошени 5,5 милиони евра.

Толку е лотото за Мицкоски.

Околу 5 милиони евра од нераспределената добивка на Државната лотарија, а уште околу 40 милиони денари од приватни компании.

Влада сега ги крие документи, суми, договори, анекси, добавувачи.

Да било се чисто и законски немало да се крие.

Суштината е дека ова е обид да се прикрие трагите на парите.

5 милиони евра народни пари кога ќе се потрошат мора граѓаните да знаат секој денар, секое евро каде завршило.

Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски.

Сомнежите за дилови се оправдани, поради начинот, одлуката, криењето информации и отворањето на јавниот повик, кој траел само пет работни дена и на кој пристигнала само една понуда.

Значи условите биле однапред приспособени за конкретен организатор бил договорен.

Колку точно чинел настапот на Дејвид Гета – неговиот хонорар, продукцискиот пакет, сцената, техниката, транспортот и меѓународниот тим.

И кога бил договорен и исплатен.

Затоа што јавниот повик завршува на 8 мај, а само три дена подоцна, власта веќе го најавува настапот на Гета.

Граѓаните треба да знае кои фирми, домашни и странски профитирале, колкав бил хонорарот на организаторот и колкава заработка оствариле „Стардаст“, односно Авалон.

А Авалон е со блокирана сметка.

Дали е колкав данок е платен?

Скриени остануваат и компаниите што обезбедиле околу 40 милиони денари. Не се познати нивните имиња, поединечните износи и основата врз која биле уплатени средствата.

Нема јасна евиденција ниту за приближно 1,75 милиони денари од продадените билети – кој ги наплатил, на која сметка завршиле и како биле даночно и сметководствено евидентирани.

СДСМ бара веднаш да бидат објавени сите договори, анекси, фактури, банкарски исплати и даночни пресметки, како и целосната листа на приматели, изведувачи, добавувачи и приватни финансиери.

Ако владата не ги објави веднаш, мора да се отвори истрага.

Мора да се утврди каде завршил секој денар, кој заработил на грбот на народот и кој ги злоупотребил народните пари.

Народот не е ниту „талог“, ниту „идиот“.

Не може постојано да го лажете и да правите некакви споредби.

Едноставно е. Прославата за членството во НАТО, во 15 градови, чинеше 240.000 евра и објавени се сите детали и докименти.

А сега една прослава, неколку изведувачи, 5,5 милиони евра и се крие од народот.

Доста лажете!

Ќе одговарате! Доаѓа времето на вистината и правдата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Африм Фидани, Џемаили Саити и Сафет Кадрии ја укинале судската пресуда во која се ослободуваат виновниците за сообраќајната несреќа во Ласкарци

Предраг Петровиќ

Левица: Апсурд е Владата да одлучи за 300 милиони, а потоа да тврди дека парите не се државни и дека Државна лотарија не е државна

Доц. д-р Жан Митрев на бесплатен вебинар за навремено препознавање и лекување на аортната стеноза

Предраг Петровиќ

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар