(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

Од:

„За две и пол години ВМРО-ОКГ презеде целосна контрола врз сите институции, ја партизираше полицијата, АНБ и ги стави под своја контрола обвинителствата и судовите. Го сменија јавниот обвинител, сопруга на екс градоначалник на ВМРО беше избрана за Судскиот совет, избрана беше и обвинителка поврзана со Сашо Мијалков. Мицкоски јавно им делеше задачи на обвинители и судии од собраниската говорница, преку телевизија и преку телефон“ рече денеска на прес-конференција Наташа Поповиќ – член на Извршниот одбор на СДСМ.

Според неа „Европската комисија во својот најнов извештај јасно нотира мешање во судството и обвинителството, отсуство на реформи, широко распространета корупција и проблематични јавни набавки. Нема систем. Христијан Мицкоски е и обвинител и судија, од кого зависат одлуките. Нема правда. Никој од власта не одговора. Антикорупцискиот тим на СДСМ откри тендери и скандали тешки 200 милиони евра, одговорност нема. Никола Груевски е спасен од одговорност, а криминално стекнатиот имот на ВМРО повторно е во рацете на партијата. Додека Мицкоски зборува за „талог“ и „елита“, додека седи до државниот обвинител и испраќа закани. За медиумски теленовели некои на граница се дочекуваат со црвен килим и камери, куќен притвор после бегство“.

„Кога човек близок до генералниот секретар на Владата е фатен во случај со мито, се прекинува постапката веднаш. Кога телохранител на Мицкоски ќе нападне жена, системот го ослободува. Кога пет тони дрога ја минуваат границата на пат кон Србија, нема политичка ниту институционална одговорност. Кривичните пријави против Мицкоски и функционерите на власта се отфрлаат преку ноќ. Пријавите поврзани со труењето на водата во Гостивар стојат во обвинителството, без одговор и без одговорност. Кога функционери на власта имаат фирми во Бугарија и бугарски пасоши – институциите молчат. Кога министри на Владата го величаат Ратко Младиќ, осуден воен злосторник за геноцид – власта и институциите молчат“ вели Поповиќ.

Таа вели „судството денес е под целосна контрола на власта. Да беше правосудството навистина слободно и независно, Мицкоски и ВМРО-ОКГ немаше да бидат слободни“.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар