ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Од:

– Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ, доколку во Собранието има такво барање, да се оди на предвремени парламентарни избори. Подготвеноста решенијата да се бараат преку институциите и преку волјата на граѓаните е одговорност што треба да се поздрави – велат од ДУИ преку соопштение.

ДУИ континуирано ја истакнува потребата од стабилна, функционална и легитимна влада, која ќе ја одразува политичката волја и легитимитетот на најголемите заедници во земјата. Институционалната стабилност и правичната застапеност се предуслови за справување со предизвиците со кои се соочува земјата.

Во таа насока, политичката подготвеност да им се врати на граѓаните правото на збор преку предвремени парламентарни избори, ДУИ ја оценува како сериозна и институционална можност, ставајќи го во преден план интересот на граѓаните, политичкиот легитимитет и долгорочната стабилност на земјата, велат од ДУИ.

Би можело да ве интересира

Приведено 87-годишно лице кое возеше во спротивна насока на булеварот Партизански одреди

Ристовски: Понудивме конкретен план и решение за проблемот со добитокот во Крива Паланка, градоначалникот Митовски го одби

Клековски: Ако сѐ биде во ред, есента 2027 ќе продолжиме со изградбата на клиничката болница – Штип

Протест во  Крива Паланка, Митовски порача: Одиме до крај — додека не се спроведе законот и последното грло добиток не биде изнесено од градот

Спортска сала, мамограф и патни инвестиции – премиерот Мицкоски најави нови проекти за Делчево и регионот

МВР: Безживотно тело на 38-годишен маж со прострелна рана пронајдено кај Смилковци