Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Од:

СДСМ бара Јавното обвинителство да отвори истрага за начинот на кој биле потрошени повеќе од 5,5 милиони евра за прославата по повод независноста, како и да се испита дали постоела одлука на Собранието на акционери на Државна лотарија за финансирање на настанот.

На денешната прес-конференција, Кети Штерјова обвини дека Владата ги крие документите поврзани со прославата – одлуките, договорите, анексите, фактурите и исплатите.

„Сега Јавното обвинителство мора веднаш да отвори истрага, да ја обезбеди целокупната документација и да го следи текот на парите и начинот на кој се носеле одлуките“, рече Штерјова.

Таа праша кој орган одобрил да се потрошат над 300 милиони денари, на која седница била донесена одлуката, кој гласал за неа и врз основа на кој закон.

Според СДСМ, спорен е и јавниот повик за организација на прославата, кој траел пет работни дена, а на кој пристигнала само една понуда. Штерјова посочи дека повикот завршил на 8 мај, а само три дена подоцна било најавено дека на прославата ќе настапи Дејвид Гета.

Од СДСМ бараат да се утврди колку чинел настапот на Гета, кога бил договорен, кој го договорил и кога бил извршен плаќањето.

Штерјова побара одговори и за ангажманот на „Стардаст“, односно „Авалон“, како и за начинот на кој биле вршени исплатите во период кога компанијата, според неа, имала блокирана сметка.

СДСМ прашува и каде завршиле околу 1,75 милиони денари од продадените билети и дали за тие приходи бил платен данок.

„Премногу матни зделки. Премногу сокриени информации. Премногу неодговорени прашања“, рече Штерјова.

СДСМ бара Јавното обвинителство, Државната комисија за спречување на корупцијата и Државниот завод за ревизија да постапат и да ги испитаат сите околности поврзани со организацијата и финансирањето на прославата.

Наводите и обвинувањата изнесени од СДСМ се партиски тврдења, а за случајот засега нема утврдено незаконско постапување од надлежните институции

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски