ЕДУКАЦИЈАТА И ПРЕВЕНЦИЈАТА СЕ КЛУЧНИ ВО ОДГОВОРНОТО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

Од:

Со поддршка на Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија, одржана е едукативна трибина за одговорно играње игри на среќа.

Во рамки на Ноември – месецот посветен на борбата против болестите на зависност, на 13 ноември 2026 година, во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ се одржа едукативна трибина посветена на зависностите, превенцијата и одговорното играње игри на среќа.

Трибината беше организирана од Здружението на лекувани зависници, со поддршка на Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија.

За проблематиката и предизвиците поврзани со зависностите, од стручна перспектива говореа прим. д-р Павлина Васкова, специјалист невропсихијатар, д-р Оливера Суботин Поповска, психијатар, д-р Бехије Нухију, специјализант по психијатрија, и психологот д-р Илинка Васкова. Преку своето професионално искуство, говорничките ја истакнаа важноста на навременото препознавање на ризиците, превенцијата, заштитата и достапноста на стручната помош.

За Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија, одговорното приредување игри на среќа подразбира континуирана посветеност на заштитата на играчите и намалувањето на ризиците од проблематично играње. Токму затоа, преку политиката и иницијативата „Играј одговорно“, компанијата вложува во едукација, превенција и поддршка, со посебно внимание кон лицата кои припаѓаат на ранливите општествени категории.

Како компанија која одговорното играње го поставува меѓу приоритетите на своето работење, ДВЛМ ја препознава важноста на соработката со стручната јавност и граѓанските организации. Едукативните активности и отворениот разговор за ризиците се важен дел од создавањето поголема општествена свесност и култура на одговорно однесување.

Би можело да ве интересира

Со вкрстено испитување на вештото лице од одбраната на Груби продолжи судењето за „Државна лотарија“

Продолжува судскиот процес за „Државна лотарија“

Видеолотарија Касинос Австрија исплати повеќе од милион евра за ВЛТ џекпот добивки во октомври

А1он

Одложено e денешното рочиште за „Лотарија“, судењето продолжува на 11 ноември

ВЛТ НАВИВА: ВАРДАР ПРОТИВ МТ МЕЛСУНГЕН

Среќни ВЛТ вести: Играч од Тетово освои Супер милионер вреден 7.174.004 денари

А1он