Спасовски: Уапсен е извршителот на убиствата, сторивме се за фаќање на овој монструм

Од:

Штотуку добивме известување од колегите од Турција дека креаторот, планерот, главниот координатор и директниот извршител е фатен и уапсен на нивна територија, идентично на нашите сознанија на патеката на движење, кажа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за фаќањето на Љупчо Палевски, убиецот на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот бербер од Велес, Панче Жежовски.

„Тоа беше и последната алка да кажеме дека е сторено се од наша страна, сосема да ги разобличиме сторителите. Вчера попладне, на барање на нашето МВР беше распишана итна меѓународна потреница за лицето Љ.П. од Скопје, барано за тешки дела грабнување и убиство, што е таканаречена црвена потерница која во истиот момент стана видлива во целиот свет. Но токму врз основа на наши оперативни сознанија каде се движи бараното лице, не застанавме на тоа, туку продолживме и со билатерлана соработка за фаќањето на овој монструм“, рече Спасовски.

Тој посочи дека е и поднесена кривичната пријава на повќе од 100 страници.

„Денеска сите бевме во очекување за кривичната пријава против петте лица која што ја најавивме вчера и веќе можам да најавам дека таа е изготвена на повеќе од 100 страници, вклучувајќи ги и доакзите и предадени се во ОЈО. Со неа се опфатени 5 лица, од кои 1 за грабнување и убиство, тројца за грабнување и соизвршителство и еден за помагање. Од овој момент натаму, предметот е во надлежност на ОЈО“, кажа Спасовски

Би можело да ве интересира

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Левица: Свесно и ситемски се ништи македонската меморија – Ревизорите со негативен извештај за Државен архив

Почна традиционалниот планинарски марш во чест на Борис Трајковски

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка