МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Од:

Во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на државава биле пријавени вкупно седум случаи на семејно насилство, при што четири лица се лишени од слобода, информираат од Министерство за внатрешни работи.

Во Куманово, 32-годишен маж бил приведен поради долготрајно физичко малтретирање и закани кон неговата сопруга.

Во Тетово биле регистрирани два случаи, при што две жени пријавиле физичко и психичко насилство од нивните партнери. Осомничените се лишени од слобода и задржани во полициска станица.

Во Скопје, полицијата постапувала по неколку пријави, меѓу кои и случај на агресивно однесување кон партнерка и нејзината мајка, како и пријави за физички напади во семејна средина, вклучително и случај со малолетник на подрачјето на Шуто Оризари.

Во Кичево, 44-годишен маж бил лишен од слобода поради сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга во семејниот дом.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите, по што против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп